Премиера на филмот „Нејзиното семејство 2010-2019“ вечер на „Македокс“

„Нејзиното семејство 2010-2019“ е филмот на Елизабета Конеска кој вечер во 20:30 часот премиерно ќе биде прикажан во летното кино на Кинотеката, како дел од програмата на 11. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.



Во паркот на МКЦ, пак, вечер во 21 часот ќе биде прикажан филмот „Професорот“ на Јордан Дуков.

Документарниот филм „Нејзиното семејство 2010-2019“ е снимен по сценарио и во режија на Елизабета Конеска, монтажата е на Блаже Дулев, а во продукција на НУ Музеј на РСМ.

-Мерѓузел е традиционална, но силна жена која сака и се обидува да се еманиципира себеси. Во константна потрага по подобар живот, заедно со членовите на своето семејство, таа го менува своето/нивното место на живеење веќе 10 години. Но, колку е успешна потрагата и како се соочуваат со предизвиците?, се наведува во соопштението на „Македокс“.

„Професорот“ на Јордан Дуков е филмско првенче на продукцијата „Кадар“. Филмот, како што посочуваат од „Македокс“, е посветен на гевгелиската легенда Илија Џаџев и на звуците на неговата хавајска гитара. Илија Џаџев по професија бил професор по географија, но неговите гевгелиски современици го паметат како уметник, како поет со слободна душа и како последниот македонски трубадур.

На „Македокс“ филмот се прикажува во категоријата Нови автори.

-Во Парк МКЦ поставена е изложба на постери за годинашното издание на „Македокс“. Автор на постерите е Самир Карахасан, додека истражувањето беше направено во соработка со Иститутот по биологија на Природно-математичкиот Факултет (ПМФ) во Скопје. На постерите се прикажани микроскопски слики од кромидот и неговата внатрешност, соопштија од „Македокс“.

Овој фестивал е поддржан од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Институтот „Јунус Емре“, Амбасада на Кралството Холандија, Град Скопје, Амбасадата на Република Чешка во Софија. Пријатели на фестивалот се Музеј на РСМ и Археолошкиот музеј.

Билети за проекциите во онлајн продажба може да се набават преку мрежата mktickets.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...