Метју Мекконахи веќе не снима романтични комедии

Лос Анџелес, 26 октомври 2020 (МИА) – Метју Мекконахи одбил понуда од 14,5 милиони долари, оти си дал завет дека повеќе нема да снима романтични комедии. Тој тоа го пишува во својата нова книга „Зелени светла“ (Greenlights).

„Бев успешен актер, славна личност, филмска ѕвезда… Не морав да се грижам што ќе имам за јадење или дали имам за кирија, но мојот пат во кариерата, ликовите и филмовите што ми ги нудеа и ги глумев, веќе не ме задоволуваа. Љубовно-комичните ликови и световите во кои тие живееја, дотолку ми здодеаја, небаре ’одев в кревет со чешање на задникот, а се будев со смрдлив прст’, и тоа подолго време“, пишува глумецот во мемоарите.

На почетокот на ова илјадалетие, тој глумеше со Џенифер Лопез во „Организаторка на свадби“ (2001), со Кејт Хадсон во „Како да го загубиш момчето за 10 дена“ (2003) и со Сара Џесика Паркер во „Неуспешно лансирање“ (2006). Тој немал ништо против тие филмови, но веднаш по нив, тој, како што пишува, добил поисполнет, подив и „по-жив“ живот со неговата тогашна свршеница Камила.

„Се смеев погласно, плачев посилно, љубев на големо, мразев подлабоко и чувствував повеќе – како човекот од мојот живот, отколку како ликовите во тие филмови“, пишува натаму Метју.

Кусо потоа добил понуда од пет милиони долари, која веднаш потоа прераснла во 10 милиони, 12,5 милиони, надградено сценарио, па на 14,5 милиони долари. Тој, под мотото „што ги еб** доларите“, ги одбил сите понуди.

Последни филмови каде што обожавателите можеа да го погледнат Метју Мекконахи, се трилерите од лани – „Спокој” (Serenity), „Господата“ (The Gentlemen) и комедијата „Скитникот од плажата“ (The Beach Bum). Нареден негов проект е вториот дел од цртаниот мјузикл „Пеј!“ си/ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...