Метју Пери е здрав: Соработниците ги отфрлија гласините за наводното нарушено здравје

Бен Винстон, режисерот на „Пријатели: Повторен собир“ ги отфрли гласините за наводното нарушено здравје на Метју Пери.



– Да, тој беше одличен. Луѓето понекогаш може да бидат „нељубезни“. Би сакал да не беа… Тој е брилијантно смешен човек и мислам дека имаше неколку одлични досетки во шоуто. Се чувствував среќен само зашто бев во негово присуство и го насочував кон вакво нешто, изјави Винстон.

Метју Пери (51), инаку призна дека неговата борба со злоупотребата на супстанции трајно влијаела на неговиот живот. Во разговор за „Би-би-си радио 2“ во јануари 2016 година, Пери рече дека не се сеќава на најмалку три години од „Пријатели“ и дека сѐ тоа му е избришано од меморијата.

И Кевин Брајт, извршен продуцент и режисер на шоуто, исто така, се осврна на шпекулациите за состојбата на Пери во разговор за „Холивуд рипортер“.

–Луѓето го велат она што го велат. Немам што да кажам за тоа, освен – дека беше одлично да се видам со него. И мислам дека беше многу смешен во шоуто. Мислам дека е добро. Ми се чини посилен и поприбран од последниот пат кога го видов и возбуден е што оди напред…, вели Брајт.

Ѕвездата на „Пријатели“ годиниве наназад беше искрен за неговата борба со пороците, особено за двете рехабилитации за време на серијата што се емитуваше меѓу 1994 и 2004 година. И самиот се понуди како пример и помош за зависници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...