Почина холивудскиот актер Пол Сорвино

Пол Сорвино, можеби најпознат по улогите во филмот „Добри момци“ и телевизиската серија „Закон и ред“, почина на 84-годишна возраст.



Публицистот на актерот, Роџер Нил потврди дека тој починал од природна смрт во американската сојузна држава Индијана. Смртта на актерот ја потврди неговата сопруга Ди Ди.

– Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги красел екранот и сцената, изјави таа.

Роден во Бруклин во италијанско-американско семејство, Сорвино почнал да глуми додека студирал на Американската академија за музика и драма во Њујорк. Првично се надевал дека ќе стане оперски пејач. По своето деби на Бродвеј во мјузиклот „Бажур“ во 1964 година, следеше и неговиот прв филм „Where’s Poppa?”.

Сепак, неговата најпозната улога е е онаа од 1990 година, во гангстерскиот еп на Мартин Скорсезе – „Добрите момци“. Таму го глуми Пол Цицеро, лик заснован на мафијашот од вистинскиот живот, Пол Варио.

Пол Сорвино имаше три деца, меѓу кои и оскаровкката Мира Сорвино, која на својот татко му го посвети својот „Оскар“ за „Моќната Афродита“ од 1995 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...