„Панкот не е мртов“ - македонски кандидат за Оскар

Скопје, 3 октомври 2011 (МИА) - Македонски кандидат за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје за 2011 е филмот „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски, информираше Друштвото на филмски работници на Македонија.

Аплицирањето до Американската филмска академија завршува денеска и досега за оваа категорија пријавени се 56 филмови од светот.

Националните кинематографии можат да понудат само еден свој филм за номинација за странски филм. Петте номинирани за наградата се одредуваат со тајно гласање и се објавуваат во јануари.

За оваа година филм имаат испратено и земјите од регионот - „Монтевидео, Бог те видео“ од Србија, „Седумдесет и два дена“ од Хрватска, „Белведере“ од Босна и Херцеговина“, „Циркус Фантастикус“ од Словенија, „Тилт“ од Бугарија, „Крвно простување“ од Албанија.

Досега само еден македонски филм добил номинација за Оскар - „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, но ниту еден ја нема освоено. Филмот на Манчевски влезе меѓу петте номинирани за странски филм за 1994, но престжината награда тогаш ја доби  рускиот режисер Никита Михалков за „Изгорени од сонцето“.

„Панкот не е мртов“ во Македонија премиерно беше прикажан оваа пролет и има освоено повеќе награди на фестивали, од кои најзначајна е победата на фестивалот во Карлови Вари, кој е од А категорија. Таму филмот доби „Кристален глобус“ во програмата „Исток нa Западот“ во конкуренција со уште 11 филма.   

„Панкот....“ е трет игран филм Блажевски. Црна комедија за панкери на 40-ина години и без перспектива кои живеат на маргините на општеството во транзицијата. Нивното рутинско секојдневие е нарушено од неочекувана понуда - да го обноват својот панк-бенд кој бил култен пред 17 години и тоа на еден мултикултурен хепенинг во Дебар кој треба да прикаже релаксирани меѓуетнички односи во Македонија. Раскажува приказна за обидот повторно да се соберат некогашните членови на групата кои се раселиле по републиките на некогашна Југославија.

Во актерската екипа се Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Владимир Тулиев, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари, Ратка Радмановиќ... Директор на фотографија е Димо Попов, музиката е на Александар Пејовски.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби