Били Кристал домаќин на Оскарите

Популарниот американски комичар Били Кристал ќе ја води 84-та церемонија на врачување на најпрестижните филмски награди во светот „Оскар“, пренесоа светските агенции.

-Ќе бидам домаќин на Оскарите, така што младата аптекарка на крајот ќе мора да престане да ме прашува за моето име кога си ги земам лекарствата. Очекувам шоу, рече 63-годишниот комичар и ветеран во водењето на церемонијата во соопштението на Твитер.

Кристал церемонијата ја водеше и во 2004 година. Тој досега ги врачувал златните статуетки осум пати.

Првично Еди Марфи беше избран да ја води церемонијата, но актерот се откажа во знак на солидарност со продуцентот на шоуто, режисерот и негов пријател Брет Ратнер, кој се повлече заради искажаните навредливи изјави на адреса на луѓето со хомосексуална ориентација.

Американската филмска академија го најде заменикот на Ратнер во холивудскиот ветеран Брајан Грејзер, кој доби Оскар за неговиот филм „Прекрасен ум“ од 2002 година.

Церемонијата на доделување Оскари ќе се оддржи на 26 февруари 2012 година во Лос Анџелес.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...