Неофицијалниот трејлер за последното продолжение од вампирската сага Twillight- Breaking Dawn part 2 конечно беше објавен за фановите. Во неофицијалниот трејлер ја гледаме Бела (Кристен Стјуарт) како вампир со блед тен, црвени очи и црвени усни.
Со тоа што станува вампир, таа исто така добива и уникатна способност да ги заштити сите околу себе со мислите во својата глава.
Последното продолжение на Twillight- Breaking Dawn part 2 ќе има премиера на 16-ти ноември. Режисер е Бил Кондон, а филмот беше снимен со буџет од 131 милион долари.
*Предупредување: видеото е со слаб квалитет.