Кетрин Денев гостин на Фестивалот „Браќа Манаки 2012“

Светски познатата француска актерка Кетрин Денев ќе биде ексклузивен гостин на годинашното 33. издание на  Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, што под мотото „Продолжи да создаваш“ ќе се одржи од 15 до 21 септември во Центарот за култура во Битола.

Денев, која зад себе има 114 филмски улоги, е добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“. Наградата на легендата на светскиот филм ќе и биде доделена на отворањето на Фестивалот.

Ова денеска на прес-конференција го соопштија директорот на Фестивалот Лабина Митевска и градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Митевска рече дека „Браќа Манаки“ се потруди првпат во историјата на Фестивалот и на Македонија да донесе толку големо име.

- Навистина со големи напори и преговори со месеци наназад успеавме да донесеме ѕвезда каква што досега Фестивалот не донел, а мислам дека и во Македонија нема дојдено. Слободно можеме да ја наречеме легенда на светската кинематографија, дива, икона на европското кино, инспирација на многумина, посочи Митевска.

Ја паметиме, како што рече, по нејзините незаборавни улоги, соработувала со најголемите ѕвезди - Жерар Депардје, Сузан Сарандон, Ален Делон итн.

Митевска посочи дека Денев ќе престојува во Македонија четири дена.

- На 16 септември во 11 часот во големата сала во Центарот за култура во Битола таа ќе разговара со сите заинтересирани филмофили, новинари, студенти, филмски автори на едночасовна отворена средба. Подоцна истиот ден во 13:30 часот во нејзина чест ќе биде прикажан филмот „Последното метро“ за кој таа ја има освоено наградата „Цезар“, информира Митевска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека имале неколку барања кои требало да ги исполнат за доаѓањето на Денев, која ќе пристигне со голема група луѓе, на ниво на ѕвезда каква што и доликува.

- На пример, барањето дека сака пушачка соба, дека е страстен пушач. Сите нејзини барања се толку симпатични, толку човечки пред се, така што се надевам дека кога ќе дојде ќе биде онаква каква што ја замислив - дама со човечки внатрешни особини, како што таа вели „чекам во редица кога одам во кино во Париз, одам со моите пријатели на вечера, а кога ми одговара тогаш сум филмска дива и тогаш сум незгодна“. Се надевам дека нема да биде незгодна во Македонија, додаде Митевска.

Градоначалникот Талески рече дека Битола е максимално подготвена за Фестивалот.

- Оваа година радоста е најголема затоа што на отворањето и на затворањето на Фестивалот имаме македонски филм. Двата филма („Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски) ја следеа нашата идеја Битола филмски град, а делови од филмовите се снимани во Битола. Убеден сум дека и третиот филм кој се снимаше 90 проценти во Битола, тоа е филмот на Столе Попов ќе имаме можност следната година повторно да го видиме на „Браќа Манаки“. Битола се повеќе е присутна на филмското платно, посочи Талески.

Покрај она што Министерството за култура го финансира за Фестивалот, општина Битола вложува шест милиони денари.

Талески истакна дека штом ќе го добијат одобрението за градба веднаш ќе распишат тендер и се очекува оваа година да почне реконструкцијата на киното „Браќа Манаки“ кое освен кино сала за 120 до 150 посетители, ќе има и музејски простор каде ќе има дел од големото наследство на Браќата Манаки. Киното, како што посочи, ќе ја има најдобрата кино опрема што може да се има во моментов во светот и ќе биде најопремено кино на Балканот.

Годинашната ексклузивна гостинка на „Браќа Манаки“ Кетрин Денев е родена е на 22 октомври во 1943 година во Париз, Франција, со име Катрин Фабиен Дорлеак. Својата препознатливост ја стекнува во улогите на загадочни и мистериозни убавици во филмовите „Одвратност“ на Роман Полански и „Убавицата на денот“ на Луис Буњуел. Исклучителната надворешна впечатливост ја надополнува со редица маестрални ролји во филмовите и на други големи режисерски имиња, Франсоа Озон („8 жени“, „Украс“), Режис Варние („Индокина“, „Исток/Запад“), Франсоа Трифо („Последното метро“), Роже Вадим („Порок и доблест“), Роберт Олдрич („Измама“), Жан-Пол Рапно („Дивјак“), Ларс фон Трир („Танчар во мракот“), а наскоро ќе се појави и во четвртиот дел од блокбастер-хитот „Астерикс и Обеликс“. Таа е најпопуларната француска актерка на сите времиња, и освен во бројни европски филмови, играла и во холивудски проекти од кои најпознат е култниот класик „Глад“ на Тони Скот од 1983, во кој глуми заедно со Дејвид Боуви и Сузан Сарандон. Номинацијата за „Оскар“ ја доби во 1993 година за „Индокина“.

Освен како потврдена актерка, Денев го привлекува интересот на јавноста и со бројни други активности. Таа е дел од многу хуманитарни настани, активна е во заштитата на деца и сирачиња, а дел е и од проектот „Репортери без граници“. Од 1994 до 2003 беше амбасадор на УНЕСКО за зачувување на филмското наследство.

Во 2005 го објави својот дневник „Во сопствената сенка“, каде ги пренесува спомените и го опишува искуството од снимањето филмови со Берт Рејнолдс, Џек Лемон, Вилијам Харт, Џон Малкович, Ален Делон, Жерар Депардје, Винсент Перес, Марчело Мастројани.

Како заштитно лице на парфемот Шанел 5 во доцните 70-ти ја зголемила продажбата до таа мера, што американските новинари фасцинирани од нејзиниот шарм предложиле таа да биде прогласена за најелегантната жена на светот. Беше муза на модниот дизајнер Ив Сен Лорен, чии модели ги носеше во многу филмови. А и самата дизајнира очила, чевли, накит. Говори француски, италијански и англиски, а се користи и со германскиот. Има две деца, има син со режисерот Роже Вадим и ќерка со познатиот италијански актер Марчело Мастројани.

Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој се одржува секоја година во Битола, е организиран од Друштвото на филмските работници на Република Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија и е поддржан од Министерството за култура, Филмскиот фонд на Македонија, Општина Битола итн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...