Љубов и фудбал во Монтевидео


Наслов:
Монтевидео, видимо се!

Режија:
Драган Бјелогрлиќ

Сценарио:
Ранко Божиќ/Димитрије Војнов

Улоги:
Милош Бикиќ, Петар Стругар, Арманд Асанте, Виктор Савиќ, Бранко Ѓуриќ, Елена Мартинез...

Времетраење: 141 мин





Драган Бјелогрлиќ во 2010-та година на филмската публика и го претстави своето режисерско деби „Монтевидео, Бог те видео“, а сега по 4 години и неговиот следбеник. „Монтевидео, видимо се“.

Во вториот дел, фудбалската репрезентација на Југославија  е веќе во Монтевидео, Уругвај. Една од 13-те репрезентации кои земале учество на првото светско првенство во фудбал, организирано од страна на ФИФА. Југословените пристигнале како тотални аутсајдери, но успеале уште во првиот натпревар во фазата по групи да ја победат (и да ја елиминираат) фаворизираната репрезентација на Бразил, а подоцна и да стигнат и до полу-финалето.

„Монтевидео, видимо се“ е продукциски поквалитетен од претходникот. Вториот дел се гордее со одлична кинематографија и костимографија од 30-те години на 20-от век , а и локациите кои биле одбрани за да претставуваат Монтевидео (Тенерифе и Трст) се навистина прекрасни. Од актерската екипа повторно се издвојува Милош Бикиќ во улогата на Алесандар Тирнаниќ кој може да се нарече и лидер на една нова генерација на млади актери. Милош не само што се издвојува по талентот, фасцинира и природната харизмата пред камерата. Арманд Асанте од друга страна во улогата на скаутот Хочкинс е колосална грешка. Очигледно донесен само поради неговиот статус, во филмов тој статус на “(екс) Холивудска ѕвезда“ е поблед од било кога. Тешко е да се гледа неговото присуство, бидејќи остава впечаток како да не сака воопшто да биде во филмот, а уште поразочарувачка е неговата дикција. Просто е невозможно да се слушнат репликите кои излегуваат од неговата уста, а и гестикулациите во глумата се преусилени и вештачки.

Со нова поддршка во сценариото (од Димитрије Војнов), Бјелогрлиќ ја искористил новата средина да ги инкорпорира добро познатите ликови во Монтевидео, а кога се веќе таму да претстави и нови (Долорес и нејзината луда фамилија на пример). Не значи дека тоа добро го сториле низ целиот филм, бидејќи иако го има препознатливиот хумор, во голема мера тој преминува во мелодрама. Сепак, филмот солидно ни ја прикажува прогресијата на карактерите (главно на фудбалерите) на повеќе нивоа како одминува дејствието. Дел од нив си носат емоционален, здравствен и љубовен багаж од Европа, а го гледаме и судирот на култури. Но, колку и да е бавно темпото на филмот, колку и да е љубовната приказна (единственото добро нешто покрај фудбалот) прикажана како сапунска серија, колку и да има стереотипи во прикажувањето на Уругвајците како фанатично-религиозни хулигани, мора да се признае дека едно нешто сценаристите добро го прикажале. Дека народски кажано „парата расипува“.

Дел од репрезентативците, предводени од Ивица Бек (Иван Зекиќ) ќе успеат да добијат договори со скаутот Хочкинс за да ја продолжат кариерата надвор од Србија, но тоа не само што ќе внесе раздор и љубомора во тимот, ќе влијае и на нивниот перформанс на самиот Мундијал. Бидејќи тоа се 18-19 годишни „зелени“ деца кои до тогаш не излегле од Белград. И ден денешен можеме да се увериме во промената кај фудбалските ѕвезди кога ќе дојдат до пари и слава преку ноќ. Но, претходно кажав дека секој од фудбалерите дошол со свој багаж во Монтевидео. Можеби треба да напоменам дека секој од нив дошол во Монтевидео и со свои очекувања за промена. Може да се каже за бегање од секојдневието, проблемите.... промена на животот до тогаш...

Бјелогрлиќ имал чесни и јасни намери за тоа каков филм сакал да направи, но недостатокот на режисерски талент го спречил во тоа. Филмот има премногу нејасни кадри (особено во сцените во фудбалските натпревари), но уште повеќе разочарува режијата во драматичните моменти. Секогаш имам скепса кога актери (холивудски или не) се одлучуваат да режираат. Секоја чест на исклучоците, но Бјелогрлиќ не е во групата на успешните актерско-режисерски стории, а „Монтевидео, видимо се“ иако е за нијанса погледлив и пријатен за око од претходникот, е далеку од ремек-дело.

С. Лазаревска

Montevideo, vidimo se можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

-секој ден: 15:30, 18:30, 20:30, 21:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...