Розевиот хотел во република Зубровка

Наслов:
The Grand Budapest Hotel

Режија:
Вес Андерсон

Сценарио:
Вес Андерсон

Улоги:
Рејф Фајнс, Матје Алмерик, Адријан Броди, Џуд Лоу, Едвард Нортон, Саорис Ронан....

Времетраење: 100 мин.

Година на издавање:
2014-та


Мартин Скорсезе за Esquire магазинот во 2000-та година напиша: „Вес Андерсон на возраст од само 30 години, поседува специјален талент. Знае толку добро, со многу богатство во стилот да ги пренесе едноставните радости и интеракции меѓу луѓето. Таквиот вид на сензибилитет е навистина редок во филмовите“. По 14 години од статијата на Скорсезе, Вес Андерсон, сега на возраст од 44 години ни го претстави 8-то режисерско остарување. The Grand Budapest Hotel.

Во фиктивната европска држава Зубровка, еден млад писател (Џуд Лоу) при престојот во остарениот The Grand Budapest хотел, ќе го запознае сопственикот Зеро Мустафа (Ф. Мареј Абрахам) и додека вечераат ќе ја добие неговата животна приказна. Од почетоците како помошник на главниот консиерж во фојето, Густав (Ралф Фајнс) до статусот на сопственик. И сè измеѓу. Смртта на богатата старица и гостинка во хотелот, Мадам Д. (Тилда Свинтон), сликата која ќе му ја остави на Густав во тестаментот, бегството од затвор, мисијата да докаже дека е невин за нејзиното „убиство“ и Димитриј (Адријан Броди) алчниот син на Мадам Д.

Ако сте фан на Вес Андерсон ќе го обожавате и The Grand Budapest Hotel. Тој сега си игра со многу повеќе жанрови (драма/комедија/крими/хорор/романса/heist film), но повторно го има препознатливиот стил кој го обожаваме во неговите филмови. Нарацијата, насловните карти со кои се претставува филмот за гледачите, делбата на дејствието на поглавја, но и препознатливиот бизарен хумор кој тука и ќе ве згрози и насмее во период од 100 минути. The Grand Budapest Hotel е стилски најпрекрасниот и оригиналниот на Андерсон од The Life Aquatic With Steve Zisou. Сепак иако визуелно речиси и да нема маана, Вес заборавил да им даде длабочина на своите ликови. Тие се прекрасни на површината и одлично ни се претставени нивните биографии, но им недостасува сериозност во развојот на ликовите. На свој чуден и бизарен начин Вес ги лишил ликовите со оваа карактеристика и при секоја најмала инклинација за „чепкање под површината“ тој го прекинува процесот и преку рецитали на поезија од ликовите го камуфлирара самиот факт дека тие не одат длабоко во психата.

Со сместувањето на сторијата во фиктивната земја Зубравка, Андерсон добил неограничени можности да си создаде свој сопствен свет. Локацијата за почеток. Хотелот Budapest со розова фасада на врвот од планината е апсолутно генијално дело, а благодарение на одличната монтажа, костимографија и кинематографија (водени од прецизно снимените кадри од Андерсон), само ја прават сторијата уште попривлечна за гледачот.

Андерсон сега направил неколку важни промени во кастингот. На долгогодишните соработници како Бил Мареј, Боб Балабан, Џејсон Шварцман, Овен Вилсон им дал „камео“ улоги, а во главните ги сместил Ралф Фајнс и Тони Револори (како Густав и младиот Зеро Мустафа). Фајнс е апсолутно маестрален во улогата на плиткиот но, услужлив конзиерж Густав, а од споредните актери фасцинира Вилем Дефо. Застрашувачки добар како психопатот Џоплинг и на моменти со негово присуство само застршувачки. Но Дефо е со премала минутажа и недоволно искористен, т.е. не колку што заслужува актер како него во ваква уникатна улога. Сепак, во сржта, филмот е приказна за пријателството, љубовта, довербата и се разбира тие интеракции за кои зборуваше Скорсезе, пренесени на најпрекрасниот начин на раскажување на приказна. Преку визијата и имагинацијата на генијаниот Вес Андерсон.

С. Лазаревска.

The Grand Budapest Hotel можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите
секој ден: 15:45, 17:45, 20:15, 22:20 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...