Манекенката Кејт Аптон која стана позната по појавувањето на насловните страници на Sports Ilustrated и модните писти ширум светот, веќе почна да се фокусира и на актерската кариера.
Оваа година Аптон го имаше појавувањето во само третиот филм во нејзината актерска кариера The Other Woman во кој глуми покрај Камерон Дијаз и Лесли Мен. 21-годишната манекенка претворена во актерка во The Other Woman ја глуми љубовницата на ликот игран од Николај Костер Валдау.
Првото филмско појавување го имаше во Tower Heist покрај Алан Алда и Бен Стилер, следеше комедијата The Three Stooges а оваа година пристигна и The Other Woman.
Tower Heist (2011)
The Three Stooges (2012)
The Other Woman (2014)
Mademoiselle C (2013) –Kако Кејт Аптон