Заборавете и на Заспаната убавица...

Принцот на бел коњ е тотално непотребен

Наслов: Maleficent

Режија:
Роберт Стромберг

Сценарио: Линда Волвертон

Улоги: Анџелина Џоли, Ел Фенинг, Шарло Копли, Бренда Блетин, Сем Рајли...

Жанр:
авантура/бајка

Времетраење: 97 мин.





Во дискусија за Анџелина Џоли и нејзините улоги која ја имав со еден колега пред неколку месеци, тој изјави: „Кога ја гледам како глуми злобни или ментално нестабилни ликови имам некое чувство дека таа не глуми. Така ја доживувам. Дека се игра самата себе си на филм“ на шега објасни.



Сега Џоли е Малефисент во истоимениот Дизниев проект. Злобната вила која ќе ја проколне Аурора (Ел Фенинг) на вечен сон откако пред 16-от роденден ќе си го боцне прстот на вретено  и единствено само бакнеж од вистинската љубов ќе може да ја разбуди. Но, сега режисерското деби на двојниот оскаровец Роберт Стромберг ни го прикажа почетокот на приказната на Малефисент од детството во Морс магичното кралство, пријателството со Стефан (Шарло Копли) и неговото предавство. Тој ќе и ги одземе крилјата и ќе ја приземји, но планот за одмазда нема да тече по планираното.

Постојат две ѕвезди во Maleficent. Самиот лик и Анџелина Џоли, актерката која го портретира. Сега (за разлика од класиката Sleeping Beauty), Малефисент е централниот лик и самата сторија е навигирана од нејзина гледна точка. Но, фасцинира колку Џоли со навидум „минимален труд“ и неколку експресии на лицето успеала да го долови ликот на Малефисент до бараниот квалитет. Сценаристиката Волвертон сега успеала да и даде доблести на самата злобна вила правејќи го нејзиниот лик, еден од најкомплексните. Таа не била отсекогаш злобна, а и покрај тоа што со одминување на дејствието се променува карактерот, искрено се менува и тој на смртникот Стефан. Воден од амбиција, тој ќе го злоупотреби пријателството со Малефисент и ќе ја осакати уште во првите 20 минути.

А искрено и Шарло Копли одлично ни го претставува внатрешниот конфликт со неговите емоции. Вина, грижа на совест, параноја и страв, а подоцна и презир. Сето тоа се чита на неговото лице. Останатите актери не можат да се пофалат со солидно обликувани ликови бидејќи целото внимание е посветено на овие двајца. Гавранот Дијавал (Сем Рајли) е еднодимензионален поттрчко, а 16-годишната Ел Фенинг (Аурора)  е одбрана само поради специфичниот изглед налик на Дизниева принцеза. Да се разбереме, нејзиниот кастинг е совршен само во поглед на убавината, грациозноста и природната кревкост на нејзината младост.... но, ништо повеќе од тоа.

Како за режисер дебитант Стромберг солидно си ја врши работата, но сè повеќе се цени неговиот печат во визуелниот приказ. Експерт за специјални ефекти со 2 оскари во C.V.-то, ни ја прикажал магијата на оваа бајка без да навлегува во ексес (со единствена грешка во приказот на трите добри вили, но сепак најголемиот хумор доаѓа од нив и покрај тоа што се гротескни и неподносливи во најголемиот дел).

За крај, Maleficent не е најдобриот во кариерата на Џоли, но е еден од најзабавните. И најважно ова е можеби најфеминистичкиот филм на Дизни од Beauty And The Beast па наваму. Најпрво ќе се осврнам на сцената која многумина ја протолкуваа како метафора за силување. Јас ја доживеав како метафора/потсетник за опресијата на жените низ историјата. Ако крилјата (кои и ги отсече Стефан) беа нејзината лична слобода и слободна волја тогаш таа остана без најбазичните права и доблести. И не, тој момент не и донесе страм. Напротив ја направи посилна и претпазлива во борбата да си ги врати. А ако размислиме аплаузот треба да се даде на сценаристиката која храбро одлучила да го измени глупавото клише кое со декади наназад го гледаме во сите Дизниеви филмови. Принцот сега не е релевантен фактор во приказната. Сценаристката очигледно сака да пренесе поинаква порака кон новата генерација на девојчиња кои ќе го погледнат филмот. Не е потребен маж да ти го промени животот ниту пак да го направи комплетен. Сетете се сцената со бакнежот за ова.

С.Лазаревска

Maleficent ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

* четврток: 16:00, 18:00, 20:00
* работни денови (освен четврток): 16:00, 18:00, 20:00, 22:00
* викенд: 11:00, 12:00, 13:00, 14:00, 16:00, 18:00, 20:00, 22:00  часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...