Приказна за човекот кој направи „револуција“

Дури и генијалците имаат страв од неуспех

Наслов:
Yves Saint Laurent

Режија:
Џалил Деспер

Сценарио:
Жак Фиеши, Жалил Деспер, Жереми Гуез, Мари Пјер Хустер

Улоги:
Пјер Нини, Гилјем Галијен, Шарлот ле Бон, Лора Смет...

Времетраење: 105 мин.

Година на издавање:
2014



Yves Saint Laurent e првиот од двата биографски филмови за животот и делото на модниот креатор Ив Сен Лорен кои се планирани за оваа година. Saint Lurent на Бернанрд Борнело и Yves Saint Laurent, само третиот долгометражен филм во кариерата на режисерот Жалил Деспар кој се јавува и како ко-сценарист.

Во Yves Saint Laurent ни е прикажана животната приказна за младото момче Ив Сен Лорен (Пјер Нини) од првите скици во семејната куќа во Алжир, назначувањето за креативен директор на Cristian Dior, менталниот слом по драфтот во Алжирската војна, заминувањето од Dior, до започнувањето на сопствена модна куќа и сите подеми и падови на неговата врска со Пјер Берж (Гилјем Галиен). Зависноста од дрога, биполарната болест, успехот, љубовта, разочарувањето...

Во еден постар текст кој го прочитав, авторот просто ги објасни биографските филмови и најчестата грешка која се прави при создавањето. „Филмот е како патување од дестинација А до дестинација Б. Публиката кај биографскиот филм ја знае дестинацијата Б (а најечесто и А). Но, таа го знае крајот. Поентата на добриот биографски филм е да се направи филмот интересен за публиката измеѓу“. Yves Saint Laurent не успева целосно во намерата.

Yves Saint Laurent е визуелно и стилски солиден. Со одлична костимографија визуелна перцепција на модата. Концептуално модните ревии од таа ера (на модните писти и зад кулисите) се одлично претставени, а солидно е доловен периодот на декадите (60-те, 70-те)  што следат во атмосферата. Но, самиот гениј од дизајнерот во многу оскудни сцени ни е прикажан на дело. Кратките сцени со скицирање на дизајните и монтажите на колекциите се минорни кога ќе ги споредиме со остатокот од тоа што ни понудиле сценаристите. Хедонизмот, ексесот и деструктивноста на дизјанерот во младоста. По одредено време стануваат банални и го наместо да го прават поинтересен филмот, го забавуваат темпото.

Но сепак, едно нешто е доволно чепнато во приказната. Љубовта помеѓу Ив и Пјер (во сите фази) која и покрај проблемите ќе опстои речиси 50 години. Да нивното партнерство се базираше и на бизнис одлуки, но Пјер ќе му помогне во многу моменти. При менталниот слом, пронаоѓањето на инвеститори, борбата со зависноста, а една одлична сцена во филмот ќе ја долови состојбата на нивната врска од почетокот до крајот. Лорен мортус пијан седи на подот од тоалетот. До него е Пјер и на прашањето зошто го прави тоа, тој само ќе одговори. „Вљубен сум во Жак (екс „играчката“ на Карл Лагерфирлд) но, ти си љубовта на мојот живот“. И токму тој внатрешен конфликт на самиот лик го има за многу други аспекти од неговиот живот не само за љубовта. Лојалноста кон татковината Алжир и неговата привремена татковина Франција, креативниот флуид и лошите социјални манири, сигурноста во модното студио и стравот од неуспех. Тој страв ме увери дека дури и генијалците ги делат истите стравови како и сите ние. Можеби тој страв е поголем кај нив од обичниот човек, бидејќи очекувањата кај нив се поголеми, но сите го имаме.

 

Кога го гледате Ив Сен Лорен во овој филм гледате многу повеќе од срамежлив интровентен гениј. Гледате патолошки случај на деструктивност во телото на  срамежлив интровентен гениј.

Но, не смее да се негираат двете главни перформанси. Пјер Нини како Лорен и Гилјем Галиен како неговиот партнер Пјер Берж се маестрални а фасцинира и физичката сличност на актерот Пјер Нини со самиот дизајнер во младоста. Но, за крај да сумирам. Да, и оваа дестинација знаеме како завршува, но за жал не импресионира патувањето до неа.

С. Лазаревска

Yves Saint Laurent може да го погледнете во Cineplexx кино салите
* секој ден: 22:20 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...