Age of Extinction: „Лошиот“ филм што заработува милиони

Наслов:
Transformers: Age of Extinction

Режија:
Мајкл Беј

Сценарио:
Ехрен Кругер

Улоги:
Марк Волберг, Џек Рејнор, Никола Пелц, Стенли Тучи, Кејси Грамер

Времетраење:
165 мин.

Година на издавање:
2014


Подгответе двојна доза од омилените грицки и удобно сместете се на своето место бидејќи најновиот спектакл на режисерот Мајкл Беј, неполни три часа ќе ве зароби во 3D светот на Трансформерите.

Дочекан на нож од критичарите, а сепак блокбастер на бокс офисот, Аge of Exctinction изобилува со одлични специјални ефекти, импресивен визуелен дизајн, луксузни автомобили на кои тешко е да им се одолее, како и неверојатно дизајнирани роботи во исто толку неверојатни борби.

Сепак, дали технолошката страна на филмот е доволна за да се засенат пропустите во сценариото и недоволно развиените ликови?

За почеток во Transformers 4, ја нема актерската екипа на која бевме навикнати во претходните три дела. Наместо Сем (Шаја Лабаф) сега тука е, Кејд Јигер (Марк Волберг), загрижениот татко и аматер иноватор кој е опседнат со добросостојбата на својата 17-годишна ќерка Тес (Никола Пелц). По игра на случајност тој го пронаоѓа автороботот Оптимус Прајм и не сакајќи се вплеткува во заговорот помеѓу ЦИА, лошите вонземјани и компанијата на визионерскиот гуру, Џошуа Џојс (Стенли Тучи)

Марк Волберг одлично се вклопува во ликот на Кејд и покрај лошите реплики и недостатоците во сценариото кои го потиснуваат во втор план и на моменти го прават иритантен. За среќа ова е актер кој знае да го извади максимумот дури и кога пред себе има навистина сиромашно обликуван лик. Тес пак е типичен пример за сексуална објективизација, дополнително влошен од глумењето на Никола Пелц, покрај која Меган Фокс и Рози Хантингтон-Вајтли изгледаат како А-класа актерки.

Интересно е да се забележи дека во Transformers филмовите секогаш постои лик кој со својата комичност внесува доза на хумор во целата приказна. Претходно оваа задача ја имаше Џон Тортуро, а сега тоа е Стенли Тучи, кој преку забавните реплики во комбинација со отсечните движења и вродениот сарказам го претвора Џошуа Џојс во еден од најинтересните ликови во филмот.

Солидна изведба се забележува и од Кејси Грамер кој се појавува во улогата на антагонистот Харолд Атингер, бескрупулозен директор на ЦИА воден од гладот за моќ и пари. Што се однесува до автороботите и преостанатите роботизирани протагонисти, љубителите на Transformers ќе имаат можност да се запознаат со ред нови ликови меѓу кои реинкарнацијата на Мегатрон, Галватрон, како и опасниот Локдаун кој визуелно застрашува со својата појава и безмилосност.

Иако сценариото не е една од силните страни на филмот, за чудо истиот во голема мера успева да ја заскокотка љубопитноста и да ве навлече да го догледате докрај. Фрагментираните приказни кои се надополнуваат една со друга оставаат впечаток дека дејството постојано се префрла од еден на друг лик. Тоа од една страна отвора простор за многу непотребни ликови, но од друга ја одржува тензијата, па секогаш кога мислите дека сте ја виделе кулминацијата, следува нов пресврт. Во суштина тоа е магичната формула на режисерот Мајкл Беј, која колку и да делува нелогично, сепак ве провоцира да се внесете во она што го гледате.

На крајот неговиот избор да го претвори Age of Extinction во мегаломанско дело на совршени визуелни ефекти и епски сцени, за сметка на сценариото и ликовите не е ништо ново и невообичаено. Сосема напротив, тоа се вклопува во неговиот стил, кој
не знае суптилно да наведува, туку ве напаѓа со сè што има додека потполно не и се препуштите на општата мешаница.

- Обожуваат да ме мразат, не ми е гајле, нека ме мразат. Повторно ќе го гледаат филмот, вели Беј.

И несомнено е во право зошто пред неговиот генијален хаос мошне тешко може да се остане рамнодушен. Со заработка од 100 милиони долари само во првиот викенд од прикажувањето во Америка, Transformers: Age of Extinction е одличен пример за тоа дека понекогаш исклучувањето на мозокот и уживањето во забавата и не е така лоша идеја.

*Oд денес терминот за филмски рецезнии се менува од петок во вторник.

Н.В

Transformers: Age of Extinction можете да го погледнете во кино салите Cineplexx:

* секој ден: 15:30 16:45 18:40 20:00 21:45 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...