Секси и феноменална на 50: Најдоброто од Сандра Булок

Оскаровката Сандра Булок овој викенд (26 јули) полни 50 години. Со кариера од четвртина век во Холивуд и голем број награди и признанија за нејзиниот талент и труд на филмското платно, Сандра моментално ужива статус на почитувана актерка и на супер-ѕвезда.

Своето филмско деби го имаше во 1987-ма година во трилерот Hangmen, но публиката започна да ја забележува со улогата во The Thing Called Love, во режија на Питер Богданович. Сандра во филмот на Богранович глумеше покрај Дермот Мелруни и покојниот Ривер Феникс на кого му беше последната улога пред смртта на возраст од само 23 години.

Сепак, нејзината планетарна слава дојде следната 1994-та година со улогата во акцијата Speed покрај Кијану Ривс и Сандра не погледна назад. Следеа одлични улоги во најразлични жанрови. Од романтични комеди како успешниот While You Were Sleeping, драмата Hope Floats режирана од Форест Витакер до маестралниот Miss Congeniality од 2000-та во кој глумеше покрај Мајкл Кејн и Бенџамин Брет.

Следната декада во кариерата на Сандра доминираа романтичните комедии (Two Weeks Notice, Miss Congeniality 2: Armed and Fabulous, The Proposal, All About Steve), но се прослави и со одличните драми како Crush, Infamous и биографскиот филм The Blind Side за кој освои и Оскар за најдобра актерка.

Минатата година имаше успех и на бокс офисот (со The Heat), но и во одделот на награди (со Gravity) за кој повторно заработи номинација за Оскар, но не успеа да ја освои статуетката по втор пат.

Сандра нема најави за филмски проекти за оваа 2014-та година, но за следната 2015-та ја очекува анимираниот spin off прокет од Despicable Me, наречен Minions.

Сепак, во чест на 50-от роденден овој викенд и нејзината успешна кариера да се потсетиме на дел од најдобрите моменти од филмското платно со Сандра Булок.



The Thing Called Love


Demolition Man


Speed



While you were sleeping



The Net



Hope Floats



Practical Magic



Forces of Nature



28 Days



Miss Congeniality



Two Weeks Notice



Crash



The Proposal



The Blind Side



The Heat


Gravity



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...