Човек на човека му е мајмун

Наслов:
Dawn of the Planet of the Apes

Режија:
Мет Ривс

Сценарио:
Марк Момбек, Рик Џафа, Аманда Силвер...

Улоги:
Џејсон Кларк, Кери Расел, Гери Олдман, Енди Серкис, Тоби Кебел....

Времетраење: 131 мин.



Има нешто прекрасно во недостигот на апсолутно никакви очекувања за филмот пред влегувањето во кино-салата. Што е новитет за мене како филмски рецензент бидејќи очекувањата (тие наивни оптимистички очекувања) кај мене во 99 % од времето се високи, а искрено и разочарувањата по излегувањето од кино салата. Но, со Dawn of the Planet of the Apes нештата се променија. Очекувањата за овој филм беа на нула, но и разочарувањата. Хм, убаво е тоа чувство.

Dawn of the Planet of the Apes се случува 10 години по претходникот од 2011-та, Rise Of The Planet Of The Apes. Цивилизацијата по епидемијата од ALZ-113 вирусот е сведена на мали групи на преживеани, а Цезар, мајмунот одгледан од Вил Родман (Џејмс Франко) во претходниот дел, сега е сопруг таткo на два сина и лидер на колонија на мајмуни кои живеат во шумите надвор од Сан Франциско. Малком (Џејсон Кларк), сопругата Ели (Кери Расел) и неговиот син од првиот брак Александар (Коди Смит Мекфи) заедно со уште двајца луѓе ќе пристигнат во шумите во обид да ја поправат браната во близина на територијата на мајмуните и да ја пуштат хидроцентралата во употреба. Немил настан ќе ги затекне двете страни, но на луѓето им треба струја од хидроцентралата, а на мајмуните мир и хармонија без нив. Дали ќе им дозволат да ја преминат границата?

Dawn of the Planet of the Apes не е класичен блокбастер од Холивуд, а тоа е најголемиот комплимент кој може да се даде за филмот. Едноставно не сме навикнати на филмови со поспора динамика и темпо, во која развојот на приказната има централно место, а не акцијата. И кога од време на време ќе го видиме тоа преставува мал шок, но искрено ни треба што почесто. Акцијата е присутна да го комплетира филмот, а не да доминира со него. Тука на пример Мајкл Беј може многу да научи од Ривс. Пријатна реткост е да се видат акциони сцени во кои секој кадар е ставен затоа што  припаѓа во сцената, а не само затоа што само може да биде таму. Специјалните ефекти се исто така маестрални и поквалитетни од претходникот од 2011-та година, но сега најмногу фасцинираат ликовите.

Не само што тие претставуваат за сторијата, туку како се обликувани ако ги анализираме надвор од неа. Фамилијата на Маклом е како скршен украс повторно составен со лепило. Ели, очајно се обидува да се зближи со синот на Маклом (кој не е нејзин биолошки син), а искрено комплицирани се односите и кај мајмуните. Цезар (Енди Серкис) сега е помудар со верба во луѓето и покрај првичниот скептицизам, но не чувствува омраза кон нив како Коба (Тоби Кебел). Но, и тоа е убаво објаснето. Превземањето на лидерската улога во купот на Коба не е базирана само од амбиција, туку повеќе од одмазда за личното искуство кое го преживеал. Тој бил заморче на луѓето и траумите (лузните) го претвориле во монструмот во кој што е. Сепак, најголемиот придонес на сценаристите е што успеале да го прикажат доброто и лошото на двете страни. Во еден момент дури успеваат да ја прикажат и поголемата човечност кај приматите. „Мајмуните не убиваат мајмуни“, е мотото во колонијата и тоа треба да ви каже доволно за нив.

Сега лојалноста е мана и доблест за сите. Само погледнете ги изразите на лицето на дел од мајмуните по инвазијата. Морис и останатите мајмуни во окови бидејќи Коба сметал дека се премногу лојални на претходникот Цезар. Тој момент во целата ситуација ми се допадна. Го протолкував како алегорија за повторна еволуција. Мајмуните во филмот и покрај тоа што се лабораториски производ, научиле да зборуваат за краток период, а уште побрзо научиле да расудуваат и да препознаваат добро од лошо. На, човештвото му требаше многу подолго време за тоа, а како што ни покажаа сценаристите, уште не ги разбираме тие концепти.

Како негативна критика може да се истакне прекраткото присуство на Гери Олдман во филмот што автоматски значи и неискористување на неговиот талент како генијален актер, но затоа пак Енди Серкис брилира како Цезар. Небото е граница за способностите на овој човек, а тоа што го прави во Dawn of the Planet of the Apes е неописливо. Треба да го погледнете за да се уверите.

С. Лазаревска

Dawn of the Planet of the Apes можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите :

* работни денови 15:00, 17:30, 20:00, 21:30, 22:30 часот
* викенд: 12:30, 15:00, 17:30, 20:00, 21:30, 22:30 часот


 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...