Mockingjay – Part 1: една од последните улоги на трагичниот генијалец

Првиот трејлер за The Hunger Games: Mockingjay – Part 1, првата половина од последниот дел на популарната франшиза Hunger Games изминатиот викенд беше објавен за фановите на оваа филмска франшиза.

Во трејлерот, но и во самиот филм последно појавување ќе има и Оскаровецот Гилип Сејмур Хофман кој трагично почина од предозирање со хероин во февруари оваа година, и во првите 30 минути од трејлерот неговиот лик Плутарх Хавеншби го потврдува тоа што сите го знаеме и очекуваме.
- Мора да ги обединиме сите луѓе надвор. Таа е лицето на овој бунт. Ќе ја следат Катнис,  вели ликот на Хофман во трејлерот.

Хероината на Hunger Games, Катнис Евердин (Џенифер Лоренс) со помош на претседателката на областа 13, Алма Коин (Џулијан Мур) ќе ја предводат револуцијата за уривање на режимот на претседателот на Панем Сноу.

Покрај стандардните актери (Вуди Харлесон, Стенли Тучи, Лијам Хемсворт) во Mockingjay Part 1 како нови лица во актерската екипа ќе се појават Натали Дормер и Гвендолин Кристи (актерките кои се прославија со серијата Game Of Thrones), Џулијан Мур, Махерстала Али, Роберт Кнепер... Премиерата на Hunger Games- Mockingjay Part 1 се очекува на 21 ноември оваа година, а ова е првиот трејлер.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...