Зои Салдана е акционата хероина на новиот Милениум. Актерката која оваа година ја очекува својата прва принова, може да се пофали дека има дури три фантастични акциони франшизи во своето C.V.
Заедно со Бритни Спирс во Crossroads
Таа беше дел од финансиски најуспешниот филм во историјата, Avatar беше дел од актерската екипа на Star Trek филмовите во режија на Џеј Џеј Абрамс, а оваа година Зои стана Гамора, убиствениот атентатор кој се приклучи на „чуварите на Галаксијата“.
Со Закари Квинто во Star Trek
Но, малкумина ги паметат нејзините почетоци во актерката кариера. Своето филмско деби го имаше во тинејџерската драма Center Stage од 2000-та година за следната да биде дел од уште еден тинејџерски филм get Over It, но кој пак беше современа адаптација на Шекспировата комедија, A- Midsummer Night's Dream (Сон на летната ноќ).
Во Avatar
Во 2002-ра година беше дел од неуспешниот Crossroads, во кој ја толкуваше една од пријателките на Бритни Спирс, но затоа првиот вкус на успехот и блокбастер филмовите го доживеа со Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl, еден од најуспешните и најдобрите филмови од Холивуд каде имаше можност да глуми покрај Џони Деп и Кира Најтли.
Во The Losers
Во 2004-та година Зои имаше можност да соработува со режисер како Стивен Спилберг и оскаровците Том Хенкс и Кетрин Зета Џонс во The Terminal, но од тој момент па се до Star Trek нејзината кариера стагнираше, а во неа доминираа низа на неуспешни и минливи филмови.
Со Star Trek од 2009-та година таа ја „оживеа“ култната улога на Нјота Ухура (оригинално портретирана од Нишел Николс ), а беше дел од последниот проект на Џејмс Камерон, Avatar. Научно фантастичниот филм на Камерон стана најуспешниот филм на бокс офисот во историјата на Холивуд, а беше номиниран и за 9 Оскари.
Покрај Бредли Купер во The Words
Следните две години Зои се обиде повторно да биде дел од жанрот акција, ноThe Losers и Colombiana не поминаа најдобро кај публиката и критиката, а исто така и романтичната драма Тhe Words со тогашниот партнер и во приватниот живот Бредли Купер.
Заедно со Крис Прат во Guardians Of The Galaxy
Покрај Guardians Of The Galaxy, Зои оваа година ја очекува и премиерата на Nina, биографскиот филм за легендарната пејачка Нина Симон во кој таа ќе ја толкува главната улога, за 2016-та и второто продолжение на Avatar.
Како Нина Симон во Simone
Но, кои се најдобрите моменти од досегашната филмска кариера на Зои Салдана?
Crossroads
Тhe Terminal
After Sex
Star Trek
Avatar
The Losers
Colombiana
The Words
Star Trek Into Darkness
Out of the Furnace
Guardians of the Galaxy