Бакнежи и прегратки за Ема и Хоакин

Ема и Хоакин се неразделни во Конетикат. Се разбира тоа е за потребите на најновиот филмски проект, неименуваниот филм на режисерот Вуди Ален. Двајцата актери изминатиот викенд беа забележани на сетот како ги снимаат најновите сцени од филмот.

Облечена во маичка и кратки шорцеви, Ема Стоун изгледаше прекрасно покрај повозрасниот колега Хоакин Феникс додека ги снимаше сцените пред камерите и остатокот од екипата. Двајцата беа забележани како не можат да ги оттргнат рацете еден од друг, но малку нешта се познати за деталите околу филмот бидејќи се држат во строга тајност.

Покрај Ема и Хоакин, во останатите улоги ќе се појават и одличните Паркер Поси, Џејми Блекли и Мередит Хегнер како и речиси сите проекти во кариерата на Вуди Ален, тој покрај што застанува на режисерското столче зад камерата се погрижи и за сценариото.

Ова ќе биде втора соработка на Ема Стоун со Вуди Ален по Magic In The Moonlight со оскаровецот Колин Фирт во главната улога, додека пак за Хоакин ќе биде деби во филмовите на Вуди Ален.

Погледнете како тече снимањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...