Финалето помина: Што ни остави Halt And Catch Fire?

Финалната 10-та епизода од драмата Halt And Catch Fire беше емитувана во САД изминатиот викенд, но и покрај фановите кои успеа да ги добие таа за жал не ги доби рејтинзите кои ги посакуваше.


Сцени од последната епизода на Halt And Catch Fire

Поради слабите рејтинзи постои голема шанса серијата да не биде обновена за нова втора сезона (како што беше случајот со одличната крими драма Low Winter Sun) од истиот канал AMC.


Сцена од првата епизода на Halt And Catch Fire

АМC се гордее со продукција на одлични серии како Mad Men, The Walking Dead, но и одличните Breaking Bad и Тhe Killing. The Killing и покрај тоа што доби одлични критики исто така се бореше со рејтинзите за на два пати да биде укинувана и на крај да биде превземена од Netflix. Breaking Bad од друга страна и покрај тоа што почна очајно, до самиот финиш имаше тројно поголеми рејтинзи и култен статус кој вечно ќе остане таков кај фановите.


Сцена од серијата Halt And Catch Fire

Но, што е со Halt And Catch Fire? Серијата збуни многумина со самата премиера на првата епизода која за прв пат во историјата на телевизијата беше емитувана на социјалната мрежа Tumblr и тоа две недели пред закажаната премиера на AMC. Маркетиншки трик за да се привлечат потенцијалните фанови кои со нетрпение ја очекуваа најмногу поради присуството на Ли Пејс.

Пејс до тогаш познат по серијата Pushing Daisies, а од тогаш по филмовите како The Hobbit, Lincoln, Guardians Of The Galaxy, ужива фан база која не припаѓа на мејнстрим селебрити ѕвездите. Него нема да го пронајдете во таблоидите, или пак како го следат папараците од TMZ.


Ли Пејс како Џо Мекмилан

Трениран и образуван на Џулијард, Ли Пејс важи за најталентираниот актер на неговата генерација кој е екстремно почитуван од режисерите како Стивен Спилберг, Питер Џексон, но и од актерите од калибарот на Нејтан Филион и Кејт Бланшет. Но, најмногу од фановите кои знаат да ја препознаат неговата дарба да одигра се. Маж, жена, виленик, социопаски негативец или најпрекрасниот херој на планетава.


Скот Мекнери како Гордон Кларк и Ли Пејс како Џо Мекмилан

Што се однесува на серијата, да се одбидеме да ги одгатнеме позитивните и негативните страни на истата. Иако солидно беше доловена ерата од тоа време (како што е случајот и со на пример Mad Men), најголемите поплаки за серијата не беа за визуелниот приказ на Далас од 1983-та година и луѓето во него, туку на преголемиот број на заплети, бавната прогресија на генералната премиса (креирањето на замислениот компјутер) и техничките термини за кои многумина од гледачите не се запознаени.

А, што е се позитивното?

Добивме главен лик (Џо Мекмилан) кој е толку енигматичен манипулатор што и по завршувањето на првата сезона не знаеме дали е несфатен лидер со намера да биде иднината на овој бизнис или само обичен социопат кој што сака само да стигне до врвот.

Преку актерот во ликот на Џо ја добивме можеби најдобрата глума видена на ТВ екраните во изминатите неколку години. Ли Пејс беше апсолутно маестрален па слободно може да се надева на нова номинација (а и статуетка)  за наградата Златен глобус следната година.

Но, тоа не е се.

Неговата бисексуалност беше прикажана надвор од вообичаеното клише, а се разбира и неговите „внатрешни демони“ предизвикани од траумите во деството.



Реално ни беше прикажана и аферата помеѓу работникот (Камероун Хоу) и шефот (Џо Мекмилан) уште од првата епизода, но и уцените, мисловните игри и манипулирањата кои следат со овој вид на врска од „работното место“.

Добивме приказ на улогата на жената каква што сакаме да ја видиме. Рамноправна до мажите, натпреварувајќи се рамо до рамо, особено во бизнис кој бие глас дека е само за машката популација. Со ликовите на Дона и Камерон добивме силни жени кои се инспирација и поттик на мажите во професијата, но најмногу и индивидуални креатори од кои мажите можат да научат.


Кери Буше и Скот Мекнејри како Дона и Гордон Кларк

Преку ликот на Камерон (Мекензи Дејвис) го видовме женскиот Марк Цукерберг од 80-те години на 20-от век. Генијалец кој се откажал од факулетот за само-образување и надградување. Социјално несигурна но, неконформистички настроена панк феминистка која не влегува во шаблоните на коорпоративната Америка во ниту еден аспект, не само по надворешниот изглед.


Мекензи Дејвис како Камерон Хоу

А ликот на Дона Кларк е уште поимпресивен. Портретирана од Кери Буше, Дона е супер жената која секој од нас сака да стане или да ја има. Сопруга, мајка, брилијантен програмер и најважно, не се вклопува во идејата на стериотипичната домаќинка која ја гледаме во сериите и филмовите сместени од тој период. Паметна, силна и реална. Таа е апсолутно маестрална способна да го смести секого на своето место ако заслужува. Особено Џо.


Сцена од Halt And Catch Fire

И за крај сексуалната тензија примарно меѓу Камерон и Џо беше уверлива најмногу поради природата во која започна нивната афера. Но, како што се запознаа двајцата открија дека имаат толку многу трауми и несигурности што дури и 10 психијатри не можат да ги решат, а сепак изненадувачки, фановите со нетрпение ги очекувaа нивните сцени. Бидејќи се сензуални и реални во исто време. Кој би рекол дека секс сцена во магацин може да биде толку секси?

Ја добивме и новата одлична актерска ѕвезда. Мекензи Дејвис пред серијата беше тотално непозната канадска актерка и манекенка, а улогата на Камерон во серијата беше отскочна штица за нејзината кариера па очекувајте ја и во многу проекти во иднина.

Не смее да се заборави и одличниот саундтрак со избрана музика од таа ера (крајот на 70-те и почетокот на 80-те). Генијален саунтрак со секоја наредна епизода кој ќе ве наврати наназад во времето.



Па затоа, на фановите им преостанува да ја очекуваат одлуката на извршните продуценти и на дирекорите на AMC каналот. Дали ќе ни дадат нова втора сезона, или како и Low Winter Sun, фановите рано ќе останат без една од најквалитетните серии на тв екраните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...