Пред да одам на спиење

Никол Кидман и Колин Фирт, двајца оскаровци потворно на филмското платно. По втор пат во нивната кариера, по драмата Railway Man, оваа година ќе имаме можност да ги видиме и во психолошкиот трилер Before I Go To Sleep, филмска адапатција на истоимената книга С. Џеј. Ватсон.

Во Before I Go To Sleep, Никол ќе ја портретира Кетрин Лукас, жена која по претрпената сообраќајната несреќа го губи паметењето. Поради амнезијата од сообраќајката таа се буди секој нов ден со бланко меморија и не се сеќава на настаните и лицата од претходниот ден, а тука спаѓа и сопругот Бен Лукас (Колин Фирт). Таа ќе соработува со психијатарот Доктор Неш (Марк Стронг) во обид да ја подобри состојбата, но кога ќе почне да ги составува деловите од мозаикот на нејзиниот мозок, ќе дознае многу тајни за нејзиниот живот.

Во останатите улоги ќе се појават и Ен Мари Даф, Дин Чарлс Чапман и Дебора Роси, а режијата му беше доверена на Роуан Џофи кој веќе го режираше Brighton Rock филмот од 2010-та година со Кира Најтли во главната улога.

Премиерата на Before I Go To Sleep се очекува на 31-ви октомври оваа година, а ова е најновиот трејлер.

Погледнете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...