Жалиме! Стареењето не е дозволено! Ваш Холивуд

Се сеќавате на Cybill? Серијата со Сибил Шепард во главната улога во средината на 90-те?

Во неа самата Шепард и ги претстави на публиката маките и неправдите кои како актерка (тогаш во 40-те години) ги трпеше на дневна база. Улоги во деградирачки Б филмови, навредливи реклами и безброј аудиции на кои беше одбивана најмногу поради нејзината возраст.

Сепак, тоа е само еден пример. Примери за дискриминација имало отсекогаш во Холивуд (од златното доба на Холивуд) а има и до денес. Но, за жал овој месец ја видовме и уште потемната страна на приказната. Легендарниот актер и комичар Робин Вилијамс изврши самоубиство на возраст од 63 години.

Неговите пријатели и колеги наведоа повеќе причини за овој чин кој ги потресе не само тие што го познаваа, туку и неговите фанови кои израснаа со неговите филмови. Паркинсоновата болест која му била дијагностицирана неколку месеци претходно, клиничката депресија со која се бореше низ целиот живот, декадите поминати со зависностите од дрога и алкохол, финансиските проблеми, но во исто време и состојбата во која се наоѓаше неговата кариера.

Тој како што пренесоа американските медиуми, се доверил на своите најблиски пред смртта дека едноставно не добива повеќе квалитетни улоги како во 80-те и 90-те години, но мора да ги прифаќа поради финансиската добитка од нив. Вилијамс дури по пауза од 32 години се врати на „малите екрани“ со серијата The Crazy Ones која иако доби добри критики, беше укината по само 1 сезона на прикажување.

Како што не увери и самиот Вилијамс, тоа им се случува и на актерите во Холивуд, а не само на актерките. Иако во помал број, но и актерите се соочуваат со „суша“ во нивните кариери кога ќе дојдат до одредена возраст.

И тоа на одличните актери, оскаровци и филмски легенди не само на медиокритетните. Да го земеме Ал Пачино како уште еден пример. Ако погледнеме наназад во неговата кариера, тој нема успешен (финансиски и критички) филм од Insomnia од 2002-ра година. Од тогаш за жал го видовме во филмовите како S1m0ne, Gigli, Jack and Jill, Stand Up Guys и Righteous Kill во кој глумеше со уште една легенда, Роберт де Ниро и со раперот 50 Cent. 

Роберт де Ниро е слична холивудска приказна. Неговата номинација за Оскар за споредна улога во филмот Silver Linings Playbook беше навистина големо изненадување, особено ако се земе предвид дека тој беше на возраст од 69-70 години. Сепак, таа номинација пристигна 22 години по последната за Cape Fear и декада по низа на ужасни филмови кои ги сними само за пари, 15 Minutes, Showtime, Shark Tale, Hide and Seek, Machete, Little Fockers, New Year's Eve, Red Lights...

Кај актерките една од ретките дами во Холивуд која ужива одлична кариера е Мерил Стрип. На возраст од 60 години го освои својот трет Оскар, а минатата година и 18-та номинација за улогата во August Ossage Country.

Но, што е со останатите оскаровки?

Сандра Булок како и Мерил е една од ретките во Холивуд која успеа да достигне успех во 40-те, да освои Оскар и да има низа на финансиски успешни филмови. Но, хероините на 80-те и 90-те и екстремно талентираните актерки како Мишел Фајфер,  Џоди Фостер, Шерон Стоун, Џенифер Џејсон Ли, Џоан Кјузак, Холи Хантер денес се сведени на гостински појавувања во филмови, епизодни улоги во серии или спорадични и брзо заборавливи главни улоги во медиокритетни филмови.

Џенифер Конели како уште една оскаровка веќе 10 години нема сериозни номинации за награди во нејзините филмови, а дури оваа година постигна финансиски успех со библиската драма Noah.

Кај мажите е слична ситуацијата. Само потсетете се на Лијам Нисон, Том Круз, Том Хенкс, Ричард Гир, Џони Деп. Дензел Вашингтон пред две години беше номиниран за Оскар, а останатите и немале номинација за Оскар повеќе од 10 години (Ричард Гир немал воопшто) и финансиските и критичките успеси на филмовите во кои глумеле им се спорадични како одминуваат годините.

Сега и стандардите на мажиете и жените се уште поразлични. Само погледнете ги постерите за The Тhe Councelor, филмот на Ридли Скот од 2013-та година. Мајкл Фасбендер (тогаш 36 годишен) и Хавиер Бардем (тогаш 44-годишен) на постерите се со видливи брчки, додека пак Пенелопе Круз (тогаш 39-годишна) и Камерон Дијаз (тогаш 40-годишна) изгледаат како тинејџерки благодарение на употребата на фотошоп.



Но, на што се должи перцепцијата на актерите (мажи и жени) во Холивуд и нивната способност да добијат улоги и во староста (покрај самата старост)?

Најпрво тука е перцепцијата на нивниот надворешен имиџ кои фановите го гледаат во магазините, на црвениот тепих, но и во самите филмови. Како што стареат дел од актерите  подлегнуваат на Ботокс третмани и пластични операции кои во најголемиот број на случаи ги оставаат актерите речиси деформирани, без брчки но и без експресии (толку важни во нивната професија). Тука е нивниот имиџ базиран на нивниот приватен живот и како тој е презентиран во очите на фановите. Секс скандали, јавни кавги со колегите, пороци како дрога и алкохол, и менталните проблеми придонесуваат за формирањето на имиџот и прифатеноста кај публиката.

Не смее да се игнорираат и филмовите и улогите кои тие ги одбираат. Тие можат да бидат круцијални на долги патеки, но и да ја уништат кариерата побрзо од било кој скандал. Финансискиот успех е исто така важен. Со секој успех на бокс офисот, актерот добива не само поголем чек за следниот филм, туку и поголема публика која ќе дојде да го гледа во кино на следните неколку филмови.

Како заклучок, и актерите ги имаат истите проблеми како и актерките во Холивуд. Можеби не во истиот број како припадничките на женскиот пол, но секако и тие се соочуваат со „agеism“ во кариерата.

И како што би рекла Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во една од епизодите на Sex And The City:

„Whatever happened to aging gracefully? - It got old“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...