Breaking Bad замина во историјата со стил

Крими-драмата Breaking Bad која го имаше своето финале минатата година, ги собра Emmy наградите и со 6 освоени статуетки си замина во историјата како една од најуспешните серии кои се направени воопшто.

Серијата креирана од Винс Гилиган меѓу останатите ги освои наградите за најдобра драма серија, за најдобар актер во главна улога (Брајан Кренстон), споредна улога (Арон Пол) и најдобра актерка во споредна улога (Ана Ган).

Серијата Modern Family, пак ја освои статуетката за најдобра комична серија, а актерот Тај Бурнел од истата се закити со наградата за најдобар актер во главна машка улога.

Вистинското изненадување на вечерта беше серијата на BBC- Sherlock- His Last Vow која се закинити со 3 статуетки, меѓу кои и награда за главниот актер од серијата Бенедикт Камбербач кој ја толкува насловната улога на Шерлок Холмс и најдобар актер во споредна улога од истата серија, награда која отиде во рацете на Мартин Фримен.

Од делот комедија, Џим Парсонс го освои своето 4-то Emmy во 5 години, за својот перфроманс во серијата Big Bang Theory, додека пак Џулија Луи Драјфус од серијата Veep ја освои истата награда во категоријата најдобра актерка во комична серија.

Fargo освои награда за најдобра мини-серија, а за најдобар ТВ филм беше прогласен A Normal Heart, драмата со Марк Рафало, Мет Бомер и Џулија Робертс во главните улоги.

Водител на церемонијата на доделување на EMMY наградите беше водителот и комичар Сет Мајер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...