Дај кажете добро филмче: Два стресни дена во Париз

Зарем има нешто што Џули Делпи не може да го направи? Џули е нескротлива сила од кога се претстави пред публиката, поточно со улогата во Mauvais Sang од 1986-та година за која беше номинирана за Cesar награда.

Во 2007-ма година таа ни го претстави само вториот долгометражен филм во кој се јавува како режисер 2 Days In Paris, но Џули покрај тоа што го режираше, го напиша сценариото, глумеше во главната улога, а беше и една од продуцентите, на оваа одлична романтична комедија.

Наслов:
2 Days  In Paris

Режија/Сценарио:
Џули Делпи

Улоги:
Џули Делпи, Адам Голдберг, Даниел Брул...

Времетраење:
101 мин.

Жанр:
романтична комедија

 


Во 2 Days In Paris, Џули е Марион, фотограф кој ќе пристигне во Париз за да помине 2 дена во родната куќа заедно со момчето Џек (Адам Голдберг). Двајцата се исцрпени по патувањето во Венеција кое се покажало како ужасно и неромантично и мораат да поминат 2 дена со нејзините чудни родители и со еден куп чудни нови познаници кои ќе го исфрустрираат парот дополнително.

По 5 години од 2 Gays In Paris, Џули ни го претстави и следбеникот 2 Days In New York кој исто така го режираше, но со Крис Рок во главната машка улога. Интересен факт и за двата филма е што актерите кои ги портретираат родителите на Марион, се всушност вистинските родители на самата Џули Делпи.

Мала камео улога во 2 Days In Paris има шпанско-германскиот актер Даниел Брул, кој подоцна беше во актерската екипа на уште еден филм режиран од Делпи, The Countess.

Погледнете го трејлерот за 2 Days In Paris.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...