Кога капетанот Америка ќе се вљуби

Крис Еванс е вљубен во најновиот филм, романтичната комедија, Playing It Cool.

Актерот кој се прослави со улогата на Капетанот Америка повторно се здружи со колегата од Captain America-Winter Soldier, Ентони Меки во Playing It Cool, режиран од Џастин Реардон.

Playing It Cool ќе биде режисерско деби на Џастин Реардон, во играните филмови, а главната женска улога ќе ја толкува Мишел Монахан, актерката која оваа година беше актуелна со филмот Fort Bliss и со серијата True Detective.

Еванс во Playing It Cool ќе биде неименуван писател кој не верува во љубов и со  иронија ќе пишува за неа. Сето тоа ќе се промени кога ќе ја запознае „таа“, неименуваната девојка, но нивната романса нема да почне (а ни продолжи) како што тој сака.

Покрај Еванс и Монахан во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и Аубри Плаза, Топер Грејс, Џовани Рибиси и Лук Вилсон.

За сега нема одредено точна дата за премиерата на Playing It Cool, но затоа погледнете го првиот трејлер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...