Пријателите „наполнија 20 години“

На денешен ден, 22-ри септември пред точно 20 години, за прв пат беше емитувана првата епизода од можеби најдобрата серија во историјата на американската телевизија Friends.

Креирана од Марта Кауфман и Дејвид Крејн Friends се емитуваше на NBC каналот точно 10 години, и од неа произлегоа 236 епизоди во 10 успешни сезони. Пред премиерата на Friends, само Кортни Кокс беше малку повеќе позната кај американската публика најмногу поради улогата во хит филмот Ice Ventura покрај Џим Кери, но останатите (Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Метју Пери) беа релативно анонимни актери.

Friends беше инстант хит кај публиката поради искрениот хумор, хемијата меѓу актерите, одличното сценарио и чудните ликови како тој на Фиби (Лиса Кудроу). Во исто време серијата привлече и негативни критики од страна на критичарите најмногу поради нереалното прикажување на социјалниот живот на ликовите. Во најголемиот дел критиките се осврнаа на тоа како секој од нив може да си дозволи да живее во Гриниџ вилиџ областа од Њујорк со приходите од платите на самите ликови.

Сепак, серијата постави нови стандарди на тоа како треба да изгледа еден ситком, а дури и фризурата на Рејчел (Џенифер Анистон) беше една од најкопираните од страна на жените во Америка.

Во чест на овој јубилеј да се потсетиме на дел од најдобрите моменти од Friends, но во исто време ве повикуваме да ги споделите и вашите омилени моменти од Friends.

Baby Got Back

Couch pivot

Сендвичот на Рос

Ерогените зони на Моника

We were on a break

Облогот и замената на становите

Кожните панталони на Рос

Џои и облеката на Чендлер

UNAGI!!!



Oh my God фразата на Џенис

Косата на Моника

Песните на Фиби



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...