Пресврт: Следи голема промена во Game of Thrones

Актерот откри дека во следната сезона прв пат ќе се појави нешто што до сега немавме шанса да го видиме.

Сите знаеме дека ликовите од „Game of Thrones“, односно „Игра за престоли: Песна за мраз и оган “ на Џорџ Р.Р.Мартин гинат „како од шала“, било да се во книгата или во најпопуларната ТВ серија на светот.

Гледачите често се посебно тажни поради заминувањето на некој од омилените ликови, и тоа поради едно старо правило кое продуцентите на серијата го воведоа – нема „флешбекови“, односно ликовите кои умреле нема да ги видиме повторно во сцените во кои останатите ликови се присетуваат поради разговор или доживување со нив.

Епа тоа правило повеќе не важи!

Доколку не сте ја гледале последната, четвртата сезона од „Game of thrones“, не читајте понатаму бидејќи овој текст содржи спојлери!

Актерот Чарлс Денс, кој во серијата го игра таткото на династијата Ланистер се до крајот на четвртата сезона, откри дека снима сцени за петата сезона.

Промовирајќи го филмот „Dracula Untold “, Денс потврди за она што се „шушка“ на форумите веќе со месеци – дека Дејвид Бениоф и Ден Вајс одлучија од петата сезона да воведат „флешбекови“.



Денс потврди дека снима нови сцени, и порача на фановите дека не виделе се од Тајвин Ланистер. Можеби ова значи дека и Шон Бин, односно Нед Старк, ќе го оствари својот сон и ќе го видиме повторно во сериајта?

Еве ја последната сцена од Чарлс Денс како Ланистер:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...