Не се задевајте со Дензел

Проститутката, мафијата и „израмнувачот“

Наслов:
The Equalizer

Режија:
Антоан Фукуа

Сценарио: Ричард Венк

Улоги:
Дензел Вашингтон, Мартон Шкокас, Клои Грејс Морец...

Времетраење: 130 мин.

Година на издавање:
2014-та




Режисерот Антоан Фукоа и Дензел Вашингтон за прв пат соработуваа пред 13 години. Training Day беше нивното „чедо“, а тоа на Дензел му го донесе вториот Оскар во кариерата. Тој испиша нова страница, станувајќи само вториот актер со афро-американско потекло кој освоил Оскар за главна машка улога, но филмот ја зацрвсти врската, која оваа година продолжи и со најновото „чедо“.

Дензел во The Equalizer е Роберт Мекол. Екс оперативец на специјалните сили, кој по напуштањето на службата живее монотон, рутински живот во Бостон. Ги тајмира дневните активности, работи во продавница за градежни материјали, чита книги, а несоницата ја игнорира со посетата во локалното ресторанче каде чест гостин е проститутката Тери (Клои Грејс Морец). Кога макрото/мафиозо ќе ја претепа речиси до смрт, „одмаздата“ од Роберт ќе биде непланирана, но екстремно крвава. Инцидентот ќе предизвика паника во руската мафија, и ќе резултира со донесувањето на „фиксерот“ Теди (Мортон Скокас) да го открие и елиминира виновникот за масакрот. Тоа нема да биде лесно.

The Eqalizer има потенцијал да стане многу повеќе од тоа што е. Просечен акционен трилер. Не ме сфаќајте погрешно, тоа е сосема задоволителен гледлив филм, но можеше да стане класика. Сепак, колку и да е просечен, со бавно темпо и предолг во развојот, има носталгичен „сенс“ во атмосферата кој ретко го гледаме. Минимална употреба на ефекти (што искрено е освежувачки), брзи кадри во акционите сцени, честа употреба на ротирачка камера дури и во сцените кога актерите се статични и прецизни отсечни кадри во борбите за максимален ефект. Кинематографијата пак, придонесува за да се задржи чистиот тон во визуелниот приказ на филмот и неизвесната атмосфера во моментите кога недостасува таа од сценариото, а искрено му оди во прилог на актерите. И во духот на 90-те, за нас публиката добредојдена е сцената во продавницата во која работи Роберт. Може да се протолкува како крваво финале помеѓу Роберт и момците на Теди, но таму Роберт ја има контролата. Тоа е негов познат терен. Може и да се каже дека е еден чекор пред сите, дури кога тој има бодликава жица и бормашини, а Теди и компанија автоматски пушки.

Сценаристот Венк успеал да го одржи нивото на мистицизам околу ликот на Роберт, иако дозирано ни ги открива деталите за неговиот живот (само погледнете како неговите колеги се обидуваат да дознаат што работел претходно). Но, неговите мотиви, како и интимните детали никогаш не се откриваат целосно, па на крајот добивате чувство дека има многу недоречени и необјаснети нешта за ликот. Перформансот од Дензел од другата страна, е сè што го очекувате од Дензел во ваков лик. Стоичен, дистанциран и брилијантен. Дензел е способен да каже толку многу со употребата на тишината, а уште повеќе со насмевката, климањето на главата и спуштањето на погледот кон подот. Само погледнете ја конекцијата која ќе успее да ја воспостави со Клои Грејс Морец и покрај тоа што присуството на нејзиниот лик е сведено на минимум. Помалку потсетува на таа помеѓу ликот на Дакота Фенинг во Man On Fire, искрено.

Сепак, ликот на Теди е проблемот. Мартон Шкокас, го дава максимумот да не стане клише руски психопат мафиозо, колку и да го води натаму неговиот лик. Можеби неговото торзо изгледа како тоа на Виго Мортнесен во Eastern Promices, тој сега е повеќе детективот на мафијата. Да се разбереме, да тој е насилен психопат, но во исто време е интелегентен психопат кој знае да препознае паметен човек како Роберт. Всушност тој е единствениот кој не го потценува „израмнувачот“.

И за крај насилството споредено со должината на филмот не навлегува во ексес (жанрот го дозволува тоа). Тоа е експлицитно, а ако забележите и иновативно во прикажувањето на самите акти. Секојдневните објекти во близината на Роберт стануваат оружје. Но, можеби за него најдоброто оружје е интелегенцијата, зарем не?

С. Лазаревска

The Equalizer ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

секој ден: 18:45, 20:00, 21:15, 22:40 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...