Запознајте го новиот водител на Оскарите

Запознајте го Нил Патрик Харис. Актерот познат по улогата на Барни Стинсон во серијата How I Met Your Mother, беше одбран да биде вoдител на церемонијата на доделување на наградите Оскар.

Харис и покрај тоа што е познат по комичните улоги, се докажа и во драматичните па оваа година беше дел од одличниот трилер филм на Дејвид Финчер, Gone Girl во кој глумеше покрај Бен Афлек и Розамунд Пајк.

Нил во досегашната кариера беше три пати водител на Tony наградите, а исто така минатата година беше водител на церемонијата за доделување на престижните Emmy награди.

Кариерата на Нил Патрик Харис започна кога тој беше само дете, а на 15 години веќе стана ѕвезда на „малите екрани“ и на „големото платно“ истовремено. Беше номиниран за наградата Златен глобус за улогата во драмата Clara’s Heart, а една година подоцна ја толкуваше и главната улога во хит серијата Doogie Howser, M.D. Од тогаш освои уште 2 номинации за Златен глобус за улогата во How I Met Your Mother и две статуетки Emmy за водењето на Тony наградите.

Приватниот живот на Нил е подеднакво успешен како и професионалниот. Минатиот месец се ожени за долгогодишниот партнер, Дејвид Буртка со кого веќе има близнаци. Ќерката Харпер и синот Гидеон кои беа родени пред 4 години благодарение на сурогат мајка.

Церемонијата на доделување на наградите Оскар ќе се одржи на 22-ри февруари во Кодак театарот во Лос Анџелес.

Но, да се обидеме да го претставиме Нил Патрик Харис, најновиот водител на Оскарите, кој ќе го замени Сет Мекфарланд.

Покрај тоа што е талентиран актер, Нил знае одлично да пее. Ова е сегмент од Glee епизодата за која освои Emmy награда, а која беше режирана од Џос Ведон.

Сериозно. Тој знае добро да пее и на сцена. Погледнете го преформансот на Emmy наградите

Уште додека беше во средно школо глумеше покрај Вупи Голдберг, а беше номиниран и за Златен глобус за улогата во Clara’s Heart

Ја толкуваше главната улога во трилерот Animal Room

Соработуваше повторно со Џос Ведон на Dr. Horrible's Sing-Along Blog мини серијата



Беше дел од СФ класиката Starship Troopers

И „стонер класиката“Harold & Kumar Go to White Castle

Ова е воведната точка на Нил од водењето на Tony театарските награди

И од Еmmy наградите

А ова е неговиот најдобар лик во кариерата – Барни Стинсон

Ова се неговите две деца. Најпрекрасните близнаци кои можете да ги замислите



А ова е неговиот сопруг. Да Нил и Дејвид се венчаа минатиот месец во Италија

 Bring it on Neil....

 

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...