Не смеете да ја пропуштите: Афера за паметење

Showtime каналот овој месец ни прикажа нова возбудлива серија која не е како ниту една која до сега сте ја гледале. The Affair. Премисата на серијата е во насловот, но тој лаже. Има толку многу повеќе од само аферата помеѓу главните ликови, што едноставно нема да забележите дека поминал 1 час и со нетрпение ќе ја очекувате следната епизода.

А покрај тоа што има креативни и талентирани имиња во писателската фела, и актерската пред камерата е подеднакво импресивна. Доминик Вест англискиот актер, во The Affair ја толкува улогата на Ноа Соловеј, (женетиот татко на 4 деца) . Прекрасниот Доминик веќе и е добро познат на американската публика со улогата во култната крими серија The Wire, но сега доби малку поинаква улога. Неговата „ТВ сопруга“ Хелен е портретирана од Маура Тирни, актерката која 1 декада публиката ја препознаваше како медицинската сестра/докторка Аби Локхарт во медицинската драма E.R.

Рут Вилсон која во серијата ја глуми Алисон Локхарт, мажената кенлерка и љубовница на Ноа веќе беше номинирана за Златен глобус, но глумеше и во критички обожаваната серија Luther. Холивуд веќе и даде шанса за филмска промоција во филмовите како The Lone Ranger, Saving Mr. Banks, A Walk Among the Tombstones, но можеби најприсутниот на малите екрани е нејзиниот „ТВ сопруг“ во The Affair.

Џошуа Џексон е Кол Локхарт сопругот на Алисон, а публиката веќе го препознава канадскиот актер од Dawson's Creek, но и одличната Fringe која го имаше своето финале минатата година.

Тоа што ја прави уникатна серијата се ликовите. Особено на Ноа и Алисон. Нивната историја, сегашност, траумите, разочарувањата. Ноа е професор во јавно средно школо и навидум среќно оженет татко на 4 деца. Но, под задоволството од мирниот живот во Бруклин се крие немир и разочарување затоа што неговата сопруга е побогата, поуспешна од него, а не помага што и неговиот „дедо“ (таткото на Хелен) е богат, успешен и арогантен со голема вила во Хемптонс- елитното одморалиште каде што тие заминуваат на летен одмор уште во првата епизода.

Алисон пак е истрауматизирана од смртта на синот Габриел 2 години претходно и се обидува да се справи со тагата и вината (се наговестува дека смртта е поради нејзината негрижа).

Уникатноста на серијата е во ликовите но исто така и во развојот на сторијата во самата епизода. Првата сезона е стандардно поделена на 10 епизоди во времетраење од 60 минути, но интересното е што секоја епизода е поделена на 2 дела од по 30 минути за секој од двата ликови. Ноа и Алисон. Најпрво Ноа добива 30 минути за да ја прикаже неговата перцепција за настаните, а потоа и Алисон. Во сцените слушаме нарација не само од двата ликови, туку и од трет актер кој посебно води разговор со секој од нив како еден вид на испрашување во полициска станица. Третиот лик ги прашува за нешто што се случило (најверојатно убиство- но тоа не е објаснето за да се држи мистеријата), почнувајќи од тоа како се запознале па за деталите од нивните индискреции.

Целта за делбата на епизодите е за да се задржи објективноста на настаните од двата ликови подеднакво. Бидејќи за една иста сцена двајцата ќе имаат различни перцепции на околностите, мотивите и самото извршување на истата, и токму тоа е убавината на The Affair. Аферата е само мал дел од сторијата. Секој од нив има толку многу да каже за тоа како дошле до неа, како ја третираат, кријат и планираат.

Креирана од добро-познати лица во ТВ индустријата, серијата содржи и добро-познати актери пред камерите. Сара Трем (In Treatment/ House Of Cards) образуваната на Јејл, сценаристка и драматург, соработуваше со колегата од In Treatment , израелскиот сценарист Хагај Ливај и ја создадоа една од најдобрите драмски серии во ТВ етерот во САД. The Affair.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...