Хоророт Ouija е вистинското изненадување на бокс офисот. Хорор филмот со Оливија Кук во главната улога, успеа да дојде на врвот на бокс офисот во С. Америка откако заработи 20 милиони долари по првиот викенд на прикажување во кино-салите.
Филмот на Стајлс Вајт имаше само 5 милиони долари буџет, но и покрај негативните критики од филмските критичари успеа да заработи неверојатни 20 милиони долари, оставајќи го John Wick на втората позиција.
John Wick, најновиот трилер со Кијану Ривс не успеа да дојде до врвот, откако заработи само 14 милиони долари по првиот викенд на прикажување но, доби многу подобри критики од шампионот.
На третата позиција на бокс офисот падна минатонеделниот шампион, воената драма Fury со Бред Пит во главната улога кој сега заработи додатни 13 милиони долари.
1. Ouija $20,000,000
2. John Wick $14,150,000
3. Fury $13,000,000
4. Gone Girl $11,100,000
5. The Book of Life $9,800,000
6. St. Vincent $8,058,000
7. Alexander and Terrible… $7,023,000
8. The Best of Me $4,736,000
9. The Judge $4,345,000
10. Dracula Untold $4,302,000