„Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“!

Кога ситуацијата ќе дојде „до балчак“

Наслов:
До Балчак

Режија:
Столе Попов

Сценарио:
Столе Попов, Горан Стефановски

Улоги:
Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Ана Костова...

Времетраење: 165 мин.

Година на издавање:
2014-та


 *Балчак:

Вид збор: Именка, машки род
Рачка на сабја, на јатаган, на меч и сл.
Англиски: hilt, handle Турски: balçak

Во изминатиов период, пријателите и колегите често (всушност речиси на дневна база) ми го поставуваа прашањето „Еј го гледаше До балчак“? Да, да, одговарав јас. И? Каков е? Долг, конфузен, но изненадувачки гледлив, беше најчесто мојот одговор. Да елаборирам. За гледливиот дел, не за долгиот, бидејќи вториот не е во моја контрола.

„До Бачлак“ го најавија како приказна од „дивиот исток“ сместена на почетокот на 20-от век. Македонија во 1907-ма година поточно. Столе Попов во најновиот проект (прв по пауза од 1997-ма година) ни го прикажа Филип (Мартин Јорданоски). Млад помалку наивен човек родум од Македонија, а образуван во Париз. На инсистирање на родителите Богдан и Ана (одличните Мики Манојловиќ и Искра Ветерова) Филип ќе го напушти Западот и со себе во Македонија ќе ги донесе западно-европските манири, идеологиите и принципите кои ги стекнал, но и Тереза (Инти Шрај). Љубопитна и храбра Англичанка која ја носи патот кон Солун, но попатна станица за неа ќе биде Битола. А тоа што ќе го пронајде на Балканот... па убаво рече и самата Тереза во една сцена... Морам да го фотографирам... Никој нема да ми поверува ако го раскажам.

„До Балчак“ е визуелно квалитетен филм, со одлична костимографија и режија базирана претежно на статична (но ефикасна) камера не само на затворен сет, туку и на отворено. Сепак во исто време е непотребно долг со многу банални и бесмислени сцени кои не придонесуваат за сторијата. Таа баналност особено може да ја забележите дури и во самите реплики, т.е.  изнесувањето идеологиите на Филип кои по секоја цена сака да ги пренесе во Македонија. Но, за среќа фидбекот или да се изразам отпорот, од неговите соговорници во вербалната војна е всушност изворот на хуморот во филмов, кој за среќа го има и покрај крвопролевањето и обезглавувањето. Народски, прост, на моменти архаичен, а на моменти колоквијален, но присутен, особено од ликовите на Крсте (Коцев) и Шише (Дац) и Боро (Велинов). Позитивно изненадување од овие ликови е талентот кои самите актери ни го прикажаа и кои заедно со подеднакво солидниот Тони Михајловски (во нова клише улога на насилен психопат) успеваат да „го спасат“ филмот во аспект на глумата. Јордановски е комплетно неуверлив во улогата на Филип, но затоа пак словенечката актерка Инти Шрај е навистина одлична во улогата на Тереза. Шармот, слободата пред камерата и природниот талент за глума се комплетна спротивност од приказот на Јордановски, а Попов успеал да ги искористи атрибутите на актерката до максимум.

Сепак и покрај недоволно објаснетите моменти во сценариото, бавниот развој, чудното темпо, неколку сцени ја допреа целта, или барем дел од поентата која сакаа сценаристите да ја пренесат.

Сцената со рускиот рулет во хотелот на пример. Шише (Драган Спасов) мортус пијан игра руски рулет со мечка,  а во позадина зурли и тапани му свират на увце. Можеби симболика за тоа што ќе ги снајде ликовите и нивната судбина кон крајот? Барем јас така ја протолкував. Тереза и Филип уште во првите 30 минути двајцата употребуваат повеќе видови на транспорт. Од „Ориент Експрес“ возот во кој ќе пристигнат, па сплав, па коњи... Јас тоа го сфатив и како симболика за „цивилизацијата“ од која доаѓаат во „дивината“ во која пристигнуваат. И ако подобро размислам ликот на Тереза е тој што најмногу ме разочара, а искрено во мојата глава таа почна одлично. Уф, си помислив конечно силен феминистички прогресивен лик кој руши стереотипи за улогата на жената, особено од тој период. Се до моментот кога сфатив дека е само обичен „празен“ манипулатор желен за авантура облечен во „висока париска мода“. И да... Не сакам да мислам дека ги искористи Крсто и Филип, (бидејќи мислам дека сите го добија тоа што го сакаа) туку дека не ја процени околината во која пристигна. Балканот.

И за крај самиот финиш на филмот, во главата необјасниво ми оддекнуваше реченицата што Димитрија ја извика во епохалната „Диво Месо“. „Ѝ се прди на Европа за вас!„ ОК. во филмов тоа беше технички Америка, но гледајќи ги голите мажи како скокаат пред Никола Кољо, или пак комитите во крем одела како јаваат кон „американскиот сон“, за жал не можев да ја извадам таа реченица од главата долго по гледањето. „Ѝ се прди на Европа за вас!„

С. Лазаревска

„До Балчак“ можете да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

раб. денови: 16:10, 17:30, 19:20, 20:45, 22:30
викенд: 13:00, 16:10, 17:30, 19:20, 20:45, 22:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...