Секс, разврат и конфузија за Кристијан

Кристијан Бејл оваа година беше Мојсеј во епскиот хит филм на Ридли Скот, Exodus-Gods and Kings, но во 2015-та година го очекува многу поинаква улога.

Велшкиот актер во најновата соработка со режисерот Теренс Малик, насловена Knight of Cups, ќе биде Ри, развратен и конфузен човек кој во потрагата да се пронајде себе си, тој ќе потоне во пороците и всушност ќе го направи спротивното. Ќе се изгуби.

Првиот трејлер за Knight of Cups е објавен, а покрај Кристија во останатите улоги ќе имаме можност да видиме уште 3 оскаровци и одлични актери од неговиот калибар. Натали Портман, Кејт Бланшет и Бен Кингсли. Во останатите улоги ќе се појави и мешана интернационална актерска екипа составена од Вес Бентли, Имоџен Потс, Антонио Бандерас , Фрида Пинто, Тереза Палмер и германскиот легендарен актер Армин Мулер- Стал.

Knight of Cups се очекува да биде триумфално враќање на Бејл во сезоната на награди и признанија, а премиерата на најновото дело на Малик ќе се одржи на Филмскиот фестивал во Берлин, во февруари 2015-та година.

Погледнете го првиот трејлер за Knight of Cups.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...