Божиќната приказна од основно школо до Холивуд

Мартин Фримен достигна вистинска слава со одличната серија Sherlock и со трилогијата The Hobbit на Питер Џексон, но тој пред да стане Џон Вотсон и Билбо Багинс, го сними Nativity! .

Урнебесна божиќна комедија. Мартин Фримен во Nativity е Пол Мадес, исфрустриран наставник во основно училиште кој го презира празникот Божиќ. Неговата девојка го оставила токму на овој празник и секоја година ривалското училиште победува во натпреварот за најдобра училишна божиќна претстава.

Па затоа, сега за да избегне нов депресивен пораз, Пол ќе измисли „мала лага“ дека во нивното училиште ќе дојде продуцент од Холивуд, кој ќе ја претвори нивната претстава во холивудски филм, па затоа децата ќе треба да се потрудат повеќе за да победат.

Тоа што ќе  претстави училишната продукција ќе биде вистински божиќен хаос.


Наслов:
Nativity!

Режија:
Деби Исит

Сценарио:
Деби Исит

Улоги:
Мартин Фримен, Ешли Џенсен, Алан Кар...

Времетраење: 105 мин.

Година на издавање:
2009-та


 

Според IMDB, најголемиот дел од филмот бил импровизиран, и режисерката на Nativity, Деби Исин им кажувала на актерите (без употреба на сценариото) што треба да кажат и да прават во сцените.

Импровизацијата била потребна, особено за големиот број на деца-актери, кои не биле професионални актери и не биле во состојба да ги запомнат сите реплики во сценариото.

Оваа урнебесна комедија ќе можете да го погледнете на 22 декември  во 20.00 часот на TV 1000 кој се емитува на каналот 503 на MaxTV.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...