Шнајдерката пристигна!

Кејт Винслет продолжува со снимање на костимирани драми. По драмата режирана од Алан Рикман A Little Chaos, следната година фановите ќе имаат можност да ја видат и во најновиот проект The Dressmaker.

Сместен во градчето Дунгатар, Австралија во 50-те години од 20-от век, The Dressmaker ќе биде приказна за Миртл Данаџ (Кејт Винслет) која ќе се врати во родното гратче за да се грижи за болната мајка Моли (Џуди Дејвис). Миртл била избрката од гратчето кога била дете под лажно обвинение за убиство, и сега кога е вратена назад, како успешна шивачка која долго живеела и работела во Париз, ќе се обиде да се одмазди на сите кои лажно ја обвиниле за убиството кое не го сторијала.

Речиси целата актерска екипа, пред и зад камерата (освен Винслет) е составена од австралиски актери, а покрај Винслет и Дејвис во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и Крис Хемсфорт, Хуго Вивинг, Сара Снук, Џејмс Мекеј, како и Ново-зеландската актерка Кери Фокс.

Режисер на The Dressmaker е Џоселин Морхаус, која и го напиша сценариото адаптирано од истоимената книга на Розали Хам.

Премиерата на The Dressmaker се планира за 1-ви октомври 2015-та година и се очекува со овој филм Винслет повторно да влезе во оскаровската трка, за нова златна статуетка.

Погледнете како течеше снимањето во Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...