Моментот кога се вљубив во човекот наречен ПТА

Ја паметам годината, датумот, но пред се ја паметам сцената во која тоа се случи. Моето вљубување во Пол Томас Андерсон. Да почнеме со годината 2002. Еден ден по дочекот на Новата година. Уште во пост-фестивен умор досада и студ околу мене, но наивен оптимизам во мене. Часот е околу 22.30 и на една од македонските телевизии почнува филм.

Еј, супер си помислив. Без планови, а со многу досада за „убивање“. Ќе му дадам шанса, а почна, во најмала рака чудно. Првите 4-5 минути на Magnolia се со најбизарното интро кое може да го замислите. За сите кои не го гледале филмот, во видеово е прикажана воведната сцена за која зборувам. Нарација и еден чуден случај на убиство.

Но, не. Тоа не е тоа. Вистинскиот момент кој направи јас да се вљубам во режисерот Пол Томас Андерсон дојде подоцна, а во тоа помогна и еден полицаец. Џим Куринг (игран од Џон С. Рајли). Добар полицаец, посветен на работата, стоичен католик и добра осамена душа. Доаѓа на локацијата со својата полициска кола.

Станарите во зградата во која пристигнува веќе пријавиле во полиција една од станарките за нарушување на јавниот ред и мир и тој е испратен за да провери што е буката. Станарката е Клаудија Вилсон (Мелора Волтерс). Оштетена душа. Болката од траумите од детството ја „отупува“ со големи количини на дрога и ја фаќа паника. Има полицаец пред вратата, а многу дрога во станот. Почнува да чисти, да ја крие дрогата, а во меѓувреме музиката трешти од станот. Џим упорно тропа на вратата, и и’ е потребно време да отвори. Станува сомничава, но тоа не е толку важно.


Џон С. Рајли во Magnolia

Кога ќе ја отвори вратата, моментот пристигнува. Пол зумира кон лицето на Џим и ја држи камерата таму неколку секунди. И се што ти е потребно за да дознаеш за него во тој момент го дознаваш од тие неколку секунди. Буквално секоја клетка во Џим е инстантно вљубена, и ти како гледач го знаеш тоа. Неколкуте секунди, тоа ти го кажаа. Не се потребни зборовите. Искрено понекогаш само пречат, а таа сцена ти дава убаво чувство потоа. Топлина. Навиваш за него во текот на филмот, бидејќи искрено тој е еден од малкуте ликови за кои вреди да навиваш. Можеби Џим се вљуби инстантно во Клаудија, но јас од тој момент инстантно се вљубив во режисерот/сценарист на Magnolia- Пол Томас Андерсон.

Да елаборирам уште малку зошто.

Најпрво тој е еден од малкуте режисери кои се самоуки. Не студирал филмска режија, а и покрај двата семестри на Emerson колеџот каде студирал англиски (и професор му бил Дејвид Фостар Валас), тој поминал два дена на NYU. Зошто само два дена? Па според едно постаро интервју, професорот по филмска режија на првиот час им рекол на студентите: „Ако сте дошле тука да го режирате Terminator 2, заминете си веднаш. Што за него не бил добар почеток. –А што ако сакам да го режирам Терминарот? Тоа за мене е супер филм. Како да велеше од старт- ние тука правиме сериозни филмови, се друго е ѓубре.

На вториод ден, добиле задача, да креираат сцена без дијалог и таа да биде водена само од акција. И како син на Ерни Андерсон (водител и минорна ѕвезда во САД) бил во контакт со многу сценарија, актери и режисери. Па така го имал во посед, сценариото на Дејвид Мамет, Hoffa кое тогаш не било снимено (подоцна Џек Николсон ќе глуми во главната улога). Во него имало сцена во која ликот на Дени де Вито вози навечер и единствениот начин да не заспие на воланот, е да држи запалена цигара меѓу прстите. Кога цигарата ќе изгори до фитилот, ќе му ги изгори и прстите и тој ќе се разбуди. Просто и едноставно. Ја земал таа страница и ја предал на професорот. И иронично добил добра оцена, а веќе следниот ден се отпишал од NYU. Дури и објасни дека бидејќи се отпишал доволно брзо, му ја вратиле целата школарина која ја платил.

Го сакам Пол Томас Андерсон затоа што ќе видите нешто биографско, интимно во речиси секој од неговите филмови. Ликот на Ерл Партриџ (Џејсон Робардс) во Magnolia е верзија на неговиот татко во моментите во кои бил пред умирање од рак. Начинот на кој сестрите го задеваат Бери (Адам Сендлер во Punch Drunk Love), е истиот однос кој го имал со сопствените сестри (Пол е еден од 9-те деца на неговиот татко Ерни, па има многу браќа и сестри). Искуството како асистент на квиз шоу го пренесол и во сцените со "What Do Kids Know? квизот од Magnolia, а сопствената опседнатост со порно индустријата Пол ја претвори во цел филм, Boogie Nights.

Тоа е и човек кој знае да учи од личните порази. Кога го доживеа својот прв финансиски неуспех со Punch Drunk Love (и покрај тоа што беше прогласен за најдобар режисер на Филмскиот фестивал во Кан), тој го стори тоа што ниту еден режисер не сакаше ни да помисли да го стори. Прифати да биде back up режисер на Роберт Алман на филмот A Prairie Home Companion. Искуството од тој филм го искористи да учи од мајсторот кој веќе имаше 81 години. Тоа беше последниот филм на Алтман, а почина истата година кога и беше премиерата на A Prairie Home Companion.

Учењето се исплатеше затоа што веќе следната година ни го прикажа ремек-делото There Will Be Blood. Малку режисери успеваат да ги започнат првите 20 минути од своите филмови без главниот лик да изусти збор. 20 минути од There Will Be Blood се составени примарно од одличната глума од Даниел Деј Луис, одличната режија на Пол и маестралната музика на Џони Гринвуд. Генијално.



И кога сме кај музиката... Повторно. Малку режисери имаат „мадиња“ да ги натераат своите актери (меѓу кои Џејсон Робардс, Том Круз и Џулијан Мур) да ја испеат Wise Up од Ејми Мен во средина на најемотивните моменти како што тој направи во Magnolia. Но, минатата година Пол го загуби својот константен актер, колега, муза и пријател кој глумеше во 5 од 7-те филмови. Филип Сејмур Хофман. The Master беше финалната соработка меѓу Пол и Филип. Празнината која ја остави неговата смрт мислам дека беше екстремно голема кај Андерсон.

Пред неколку месеци дознав дека двајцата имаме идентичен омилен филм на сите времиња- Network, а пред само неколку дена повторно се потсетив на негoвите музички видеа, кои се мали ремек-дела како и филмовите. Мислам, само погледнете го видеото за Paper Bag на Фиона Епл. На кој друг, освен на Пол би му текнало да стави разиграни дечиња меѓу Фиона?

По, Magnoliа, изгледав се што има да се изгледа од Пол Томас Андерсон. Буквално се. И не престанува до ден денес да ме изненадува со креативноста, разновидноста, кастингот, но пред се со талентот. За оваа недела со гордост можам да ја најавам рецензијата за најновото дело на ПТА, Inherent Vice  (за кое освои номинација за Оскар за најдобро адаптирано сценарио).

Но, за сега ве оставам со трејлер за Inherent Vice.
Колку да се запознаеме подобро.

С.Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...