Браќата Коен секогаш се добар избор... особено во Кан

Како да беше вчера, а не пред 18 години. Николас Кејџ е на сцената. Го отвара пликото и вели: „Оскарот оди кај Френсис Мекдорманд за Фарго“ !

Таа веднаш станува и полека се упатува кон сцената, но тоа што го прави пред Николас да и ја врачи статуетката во раце (а искрено и потоа) беше најпрекрасното нешто што го имам видено на оскаровските церемони. А ги следам нив веќе подолго време.

Да елаборирам. Френсис по станувањето од столчето само го помилува сопругот Џоел Коен по образот, и се упатува кон сцената. Кога е таму, се приближува кон Николас со специфичен од и гест кој само може да се опише „LIKE A BOSS“, а во меѓувреме добива стоечки овации од нејзините колеги.

Сите во салата знаат дека како овациите така и наградата се апсолутно заслужени, а најгорд во публиката е нејзиниот сопруг, Џоел Коен. Само погледнете го. Бидејќи ниту претходно (а ниту потоа) се нема случено некој режисер да ја режира сопствената сопруга во улога која освоила Оскар. И за разлика од останатите случаи кога соработувале сопружници на филм, овој не ни може да се карактеризира како непотизам. Мислам дека Френсис е премногу талентирана и тој го знае тоа. Џоел би и ја дал улогата на Марџ во Fargo и да беше непозната актерка која дошла на аудиција. Да, таа е толку талентирана.

Но, како што кажав, тоа што следеше по добивањето на статуетката на сцената ме фасцинира уште повеќе. Говорот. Поточно еден од најдобрите, оригиналните, емотивните и прекрасните говори кои некогаш се изговорени на таа церемонија.

А, тој одеше вака:

- Би сакала да се заблагорадам на тројца личности посебно. Ко-режисерот и продуцент на Fargo, господинот Итан Коен, кој направи актерка од мене. Неговиот брат господинот Џоел Коен, кој направи жена од мене, и нашиот син, господинот Педро Мекдорманд Коен, кој направи мајка од мене.

И затоа го обожавам овој пар. Од Blood Simple па наваму. Со брак од повеќе од 30 години (реткост во Холивуд) и соработка на 8 различни филмови. Да, Џоел знае што е способна неговата сопруга да направи со улогите и со нетрпение ја очекуваме и најновата нивна соработка во Hail, Caesar! следната година.

Но, има уште едно партнерство на Џоел кое го сакам исто толку време. Тоа со неговиот помлад брат, Итан Коен. Неделава беше соопштено дека двајцата се одбрани да бидат претседатели на жирито за Филмскиот фестивал во Кан, а јас за тоа велам... Браќата Коен се секогаш добар избор... особено во Кан. 24 години по освојувањето на Palme D’Or за Barton Fink, сега се на другата страна на спектрумот. Тие ќе бидат уметниците кои ќе го прогласат победникот, како што беа самите во 1991-ва година.

Но, што е тоа што фановите на браќата Коен (како мене) го сакаат во нивните филмови? Стилот и техниката се неоспорни, но мене повеќе ме импресионира сувиот хумор, иронијата, филозофијата и бизарните карактеристики на ликовите. Нивните мисли и филозофии.  На крајот на краиштата Итан Коен е тој кој  има диплома по филозофија од Пристон. Тезата на Итан била на темата: „2 погледи на подоцнежната филозофија на Лудвиг Витгенстејн“, додека пак Џоел е образуван на NUY.  Двајцата дури и како деца  за време на летниот распуст, коселе тревници за комшиите, а од профитот ја купиле првата Super 8 камера. Режисери од мали нозе, нели?. Но, кој е зад тие ликови кои ги креираат и режираат? Па пред да ги откријат Џорџ Клуни, Бред Пит, Оскар Ајсак.... „музите“ на браќата беа Џон Тортуро, Џон Гудман, Џон Полито, Вилијам Х. Мејси, Стив Бушеми, Били Боб Торнтон... Не типичните водечки актери од Холивуд. Да, тие можеби не ги красеа насловните страни и не беа прогласувани за најсекси мажи од страна на People магазинот, но тие не воодушевуваа многу повеќе со својот актерски талент.

И каде освен во можеби, делата на Џос Видон или Вес Андерсон ќе најдете ликови како Марџ Гудерсон (Френсис Мекдорман) Мод Лебовски (Џулијан Мур) или Ејми Арчер (Џенифер Џејсон Ли)? Силни но, малку чудни женски ликови во доминантно машка актерска екипа.

И секој има омилен филм од браќата Коен. За некои е можеби Barton Fink, за некои се помејнстрим иборите како The Big Lebowski, Fargo, или пак црно-белите дела како The Man Who Wasn’t There. Но, за мене како фан е можеби најдобриот, а најпотцентиот филм во кариерата на браќата, The Hudsucker Proxy. Арт деко стил во сет дизајнот и надреална речиси „Тим Бартоновска“ атмосфера во самиот филм. Повеќе од 20 години се поминати од тој филм, но до ден денешен е свеж, современ и безвременски. Имав можност да се потсетам деновиве на Hudsucker Proxy и на тоа колку Норвил Барнс (Тим Робинс) ликови има во нашето секојдневие. Идиоти на позиции користени како марионети. Премногу реално. Премногу. 

Па, по се што може да се каже за браќата Коен. ќе го сумирам овој текст со потврда на насловот. Не се сомневам дека браќата Коен ќе бидат одлични како претседатели на жирито во Кан. Тие се навистина добар избор. Особено во Кан, бидејќи тие се секогаш добредојдени.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...