Гоја и мустаќите на Џони

Наслов: Мortdecai

Режија:
Дејвид Коеп

Сценарио:
Ерик Аронсон

Улоги:
Џони Деп, Гвинет Палтроу, Пол Бетани, Јуан Мегрегор...

Времетраење: 106 мин.

Жанр: комедија/акција

Година на издавање:
2015-та



Не планирав да го гледам Mortdecai. Искрено кренав раце од Џони Деп уште пред неколку години, т.е. по хаосот наречен The Tourist. Но, кога имаш пријателка која е „опсесивно вљубена“ во него, тоа значи дека има дозвола да те влечка во кино-салите на секој филм со Џони Деп. Да бидам уште поискрена, во изминативе неколку години изгледав мнооогу филмови со него, против своја волја. Mortdecai, беше последниот во низата.

Деп во Mortdecai е Чарли Мордекај. „Пош“ дилер на уметнички дела, моментално пред банкрот, но во очаен обид да го задржи статусот кој го има во англиското аристократско општество. Но, кога реставраторката на слика од Гоја ќе биде убиена, инспекторот Мартланд од МИ5 (Јуан Мегрегор) ќе се обрати за помош токму кај Чарли. Главниот осомничен на Мартланд е Емил Страго (Џони Пословски), а Чарли заедно со верниот слуга/бодигард Џок (Пол Бетани) треба да ја пронајдат сликата. Планот е да ја продадат на Милтон Камф (Џеф Голдблум) колекционерот од САД и Чарли да добие 10% од профитот. Во моментот кога ќе дознаат дека на позадината од сликата се запишани тајни банкарски сметки уште од Втората Светска војна, истрагата уште повеќе ќе се комплицира.

Ќе започнам од Џони Деп. Изгледот е променет, филмот се разбира, улогата исто така, но Џони Деп не нуди ништо ново и различно во перформансот. Тој е амалгам од речиси сите улоги во последната декада споени во едно. Константен извор на хумор во филмот се неговите мустаќи, но како и самите мустаќи така и неговиот лик (а и акцент) се ужасно фрустрирачки, а тој е присутен во 99% од филмот. Џоана (Гвинет Палтроу) сопругата на Чарли и самата ќе се вмеша во истрагата на сопругот, но изненадувачки колку нема хемија помеѓу овие двајца „филмски сопружници“. Чарли има повеќе конекција, да не речам хемија со Џок, нимфоманскиот батлер отколку со сопствената сопруга, но изненадувачки ако забележите (особено во сцените на забавата во Лос Анџелес), сценаристот Аронсон му дал други квалитети на овој пар. Каде што скратил на „хемија“ додал, партнерство, разбирање и толеранција „завиткани“ во англиски манири.

И кога сме на темата Џок (Пол Бетани) тој е единствениот од ликовите кој успева барем за малку да го „украде“ вниманието во овој филм. Не е до неговиот лик. Да тој е урнебесно промискутитетен и тоа е една од инспирациите за хуморот, но исто така и неговата лојалност, интелегенција, привлечност дури и во најгрубата улога во Mortdecai.  Придонесот на Бетани доаѓа повеќе од талентот, природниот шарм, но и комичниот тајминг за кој малкумина знаат дека Бетани го поседува. Улога која не му доликува на актер од неговиот калибар, но искрено тоа може да се каже за речиси сите во овој филм. Јуан Мегрегор, Џеф Голдблум, Урлих Томсен...

И за филм во кој уметноста е една од примарните теми, сценаристот за жал не ни прикажал премногу од неа. Речиси воопшто. Повеќе од дијалогот гледаме културни, полови и националистички стереотипи кои заморуваат колку и лошиот британски акцент на Џони Деп. Малку гледаме и од присуството на навистина одлични актери како Џеф Голдблум чии 5 минути пред камерата навистина не се доволни за да го спасат филмот.

Чуден избор на режисерот Коеп се графичките прикази (во 3Д техника) на градовите во кои патува Мордекај. Всушност, не толку од визуелниот приказ (налик на макета) на градовите во кои Мордекај пристигнува и од кои заминува, туку од пречестото повторувањето на истите. Уште еден момент во филмот (како и рефлексот за повраќање на Џоана кога ќе ги погледне одблизу мустаќите на Чарли) кој премногу се повторува и кој предизвикува повеќе замор отколку интерес кај гледачот.

Холивуд веќе го прогласи Mortdecai за најужасен филм на година. Дали е? Да. Филмот е доста ужасен. Но, да почекаме малку... Следниот месец е премиерата на The Cobbler, најновиот филм на Адам Сендлер. Да го почекаме The Cobbler и да видиме дали Mortdecai ќе биде инстантно заборавен потоа.

С. Лазаревска

Mortdecai можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

работни денови (освен понеделник): 16:30, 18:40, 19:45, 20:45, 21:45, 23:00
викенд: 12:20, 16:30, 18:40, 19:45, 20:45, 21:45, 23:00 понеделник: 16:30, 18:40, 20:45, 21:45, 23:00 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...