ВИДЕО: За што зборуваме кога зборуваме за љубовта?

Не пропуштајте ја црната комедија на Алехандро Гонзалес Инјариту која беше наградена со 4 Оскари и од денеска доаѓа во Cineplexx. Новиот филм на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инјариту „Човекот-птица“, во кој главната улога ја игра Мајкл Китон, на овогодинешното доделување на оскарите освои четири златни статуетки.

Награден е во категориите за режија, за оригинално сценарио, за фотографија (камера) и за најдобар филм на годината. Публиката во нашата земја ќе биде во можност да го гледа филмот од 5 март.

Мајкл Китон во филмот игра остарен актер кој се обидува да си ја врати славата и да ја постави претставата на Бродвеј „За што зборуваме кога зборуваме за љубовта“, заснована на збирката раскази од американскиот писател Рејмонд Карвер. Прогонуван е од ликот на суперхеројот човек-птица што го направил популарен на почетокот од кариерата. Во деновите и во ноќите пред премиерата тој продолжува да се бори со своето его и се обидува да го врати своето семејството, кариерата и самиот себе. Не е случајно тоа што главната улога ја толкува токму Мајкл Китон, чијашто кариера, исто така, е одбележана со улогата на суперхеројот Бетмен, а кој во последниве години немаше некои значајни остварувања. Освен Китон, Инјариту собра исклучителна актерска екипа - Едвард Нортон, Зак Галијафијанакис, Ема Стоун и Наоми Вотс.



Филмот „Човекот-птица“ претставува извонреден пресврт во кариерата на Инјариту, не само затоа што тој во овој проект се јавува како режисер на својата прва комедија, туку и зашто филмот е еден вид технички предизвик, бидејќи е составен од многу долги кадри кои се беспрекорно измонтирани за да се добие впечатокот дека целиот филм е еден непрекинат кадар. Се разбира, овој подвиг би бил невоможен без директорот на фотографија, одличниот Емануел Лубецки, заслужен за филмовите како „Заспаната долина" на Тим Бартон, „Дрвото на животот“ на Теренс Малик и „Гравитација“ на Алфонсо Куарон, за кои доби Оскар.



Мексиканскиот режисер својата слава и углед ги стекна благодарение на потресните драми, филмовите од т.н. трилогија на смртта: „Amorres peros“, „21 grams“, „Babel“, како и филмот „Biutiful“.

Од четврток, на ден пред остатокот од светот ни пристигнува „Чапи“! Станува збор за научно- фантастичниот спектакл кој го режираше Неил Блумкамп, во кој главните улоги им припаднаа на Дев Пател, Хју Џекман, Сигурни Вивер и Шарлто Купли. „Чапи“ е единствениот акционен спектакл во првата половина на оваа година кој се занимава со навистина интригантна тема: развој на вештачката интелигенција и односот на човекот кон неа.

Во наша блиска иднина злосторствата на Земјата ги контролира механизирана полиција во облик на роботи. Меѓутоа, доаѓа и времето на луѓето да го возвратат ударот. Кога ќе украдат еден од полициските дроиди – Чапи – и ќе му вградат нов програмски систем, тој постанува првиот робот со можности на самосвесно размислување. Секое дете доаѓа во свет полн со ветувања. Како и сите други, така и Чапи: тој е надарен, единствен, чудо. Како и секое дете, Чапи ќе потпадне под влијанијата на околината - некои добри, некои лоши. Тој ќе се потпре на своето срце и душа за да го најде својот пат во светот и да стане свој човек. Но, постои едно нешто што го прави Чапи различен од било кој друг: тој е робот. Првиот робот со способност сопствено да размислува и чувствува. Неговиот живот, неговата приказна, ќе го промени начинот на кој светот гледа на роботите и луѓето засекогаш.

Името на режисерот Неил Блумкамп на широката публика и е добро познат. Со својот режисерски првенец во 2009 година, филмот „Округ 9“ тој ја доби наклонетоста на публиката и критичарите, заработувајќи и номинација за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио Неговиот следен филм „Елисиум“ имаше одлични критики, а на светските кино благајни заработи над 300 милиони долари. Сите негови филмови, вклучувајќи го и „Чапи“ се поставени во реалниот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...