Љубовта ќе те забави, а евентуално и убие



Режија:
Глен Фикара и Џон Рекуа

Сценарио:
Глен Фикара и Џон Рекуа


Улоги:
Вил Смит, Марго Роби, Родриго Санторо, Бренан Броун, Адријан Мартинез....

Времетраење: 105 мин.

Година на издавање:
2015-та



Вил Смит немаше многу среќа со изборот на филмови во изминатите неколку години. По ужасниот After Earth на М. Најт Шајмалан и бизарната камео улога во уште поразочарувачкиот филм на Акива Голдсман, Winters Tale, оваа година се врати во кино-салите со Focus.



Сега во Focus, Вил е Ник „Мелоу“. Искусен измамник и крадец кај кого таа професија, всушност прераснала во семејна традиција. Тој уште на самиот старт ќе ја запознае Џес Берет (Марго Роби), млада и неискусна дебитантка во бизнисот, но од неа ќе направи свое протеже. Џес ќе ги научи „финесите“ бидејќи ќе учи од најдобриот, но по големата измама за време на фудбалскиот натпревар (сличен на Суперболот) во Њу Орлеанс, Ник ќе одлучи да не ја меша работата со задоволството. Сепак, нивните патишта по многу години ќе се сретнат во Буенос Ајрес, а ќе дознаат и дека имаа иста мета.



Фокусот во целиот филм наречен Focus треба да трае повеќе од неколкуте моменти пред да ни биде откриена самата измама и step by step деталите во истата. Фокусот треба да биде насочен кон нашето внимание во текот на целиот филм, но тоа не е случајот со овој филм. Веднаш по измамите на Ник и Џес (најинтересниот дел од филмот) ни се објаснува процесот од почеток до крај со флеш бек секвенци. Во основата ни се преџвакува целата измама или кражба и се што треба е ние само да ја голтнеме. Момент кој не „ограбува“ нас гледачите од можноста да ги склопиме „делчињата од мозаикот“ и да се почувствуваме инволвирани. Дали сценаристите ја навредиле нашата интелегенција со претпоставка дека треба да се објасни сè до најситниот детал? Најверојатно, но во остатокот сценаристите Фикара и Рекуа земале едноставна приказна на мајстор на крадците, тренингот на „подмладокот“ и некаде по патот успеале да ја искомплицираат до степен да не нема идентитет. Но, да започнеме со двајцата главни актери. Вил Смит повторно докажа дека е способен да гравитира меѓу драма и комедија во простор од само неколку секунди. Една од крактеристиките поради која тој успеа да одржи кариера и во двата жанра, а во Focus гледаме дека и шармот (а и изгледот) не го напуштиле. Хемијата меѓу неговиот лик и тој на Марго е присутна, но сценаристите на средината на дејствието ја напуштиле љубовната приказна во сторијата на сметка на нивната професија.



Марго Роби е навистина солидна во перформансот на Џес, и сè што е во нејзина контрола на ликот се гледа дека го дала до максимум. Сексапилот, енергијата, цврстината, хуморот ги има во нејзиниот лик, не само затоа што се напишани на хартија дека треба да ги има, туку затоа што се и во нејзиниот придонес во глуматa. Потег за поздравување е бидејќи речиси и да не ја забележувате 22-годишната разлика меѓу актерите, најмногу поради тој факт. 

Хемијата започнува добро, тензијата и привлечноста меѓу нив е присутна, но се до самиот крај таа ќе биде на „топло-ладно“  и премногу комплицирана, за да ни го задржи трпението. Во раните сцени ќе забележите и инспирација од Out Of Sight на Содерберг, особено во сцената меѓу Џес и Ник во ресторанот од хотелот. Но, сепак, мора да ја цениме способноста на сценаристите да ги надополнат главните ликови со одлични споредни, а искрено вметнале и одлични актери во истите. Б.Д. Вонг е апсолутно маестрален во улогата на Лијуан страсниот коцкар во ВИП ложата на стадионот. Бретнан Броун во улогата на Хорст, десната рака и „совест“ на Ник е стоичен и сериозен. Но, во лимитираното време пред екранот најголемиот хумор од репликите доаѓа од одличниот Адријан Мартинез во улогата на Фархад. Дискретен кога треба, а искрен и без влакна на јазикот во остатокот, Фархад е извор на комичен материјал дури кога Вил Смит не успева да биде тоа.



Најголемиот проблем во филмот е во недостатокот на солиден антагонист. Не само суров и безмилосен негативец, туку и интелегентен, а Гарига (Родриго Санторо) не е ништо од тоа. Сепак, сакам да мислам дека тоа е така затоа што сценаристите одлучиле сите ликови да ги направат антагонисти на свој начин, бидејќи ова не е филм со чесни, искрени и добронамерни ликови. Всушност нема да најдете ниту еден кој може да се опише со овие зборови, па затоа филмот функционира на „секој си е непријател на секого да дури и на самиот себе си“.

Фикара и Рекуа сакале ликовите и нивните трикови да ги направат попаметни од филмот. Да, тоа е можеби добра идеја на хартија, но на долги патеки требало многу повеќе внимание да посветат и на самата ср’ж не само на индивидуите. Моментално колку и да гледлив и со одлични актери Focus е конфузен за тоа што е. „Љубовна приказна со крими елементи“ или „крими приказна со љубовни елементи“.

С. Лазаревска

Focus може да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

четврток: 16:00, 18:50, 20:50, 22:50 петок, понеделник, среда: 16:00, 18:15, 20:30, 22:30
сабота: 14:40, 16:30, 20:40, 22:30
недела: 14:40, 16:00, 18:15, 20:30, 22:30 вторник: 16:00, 18:15, 20:30, 21:30, 22:30



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...