Џек се врати на Карибите: заврзан и исплашен

Капетанот Џек Спероу се врати на Карибите, а за тоа потврда е и првата официјална фотографија од Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales ја објави самиот продуцент на 5-от дел од познатата франшиза, Џери Брукхајмер.

На фотографијата може да се забележи Џони Деп како по 5-ти пат ја толкува иконичната улога, но сега во сцена која тој е врзан за јарбол и држен во заробеништво од ривалските пирати.



Главен непријател на Џек Спероу во Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales, ќе биде капетанот Салазар игран од оскаровецот Хавиер Бардем, додека пак улогата на капетанот Барбоса повторно ќе ја репризира оскаровецот Џефри Раш.

Кевин Мекнејли и Орландо Блум исто така ќе бидат повторно дел од актерката екипа, но сега зад камерата застанаа норвешките режисери Јоаким Ренинг и Еспен Сендберг.

Снимањето на 5-от дел започна на повеќе локации во Австралија во јануари оваа година, но веднаш потоа беше прекинато поради циклонот кој го погоди тој дел на Австралија во кој се наоѓа сетот, а и поради повредата која ја доби Џони снимајќи ја една од сцените.



Премиерата на Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales е закажана за 7-ми јули 2017-та година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...