Кој го уби светот?

Наслов:
Mad Max-Fury Road

Режија:
Џорџ Милер

Сценарио:
Џорџ Милер/Брендан Мекарти/Нико Лоториус

Улоги:
Том Харди, Шарлиз Терон, Николас Хоулт, Хју Кејс Брн...

Времетраење: 120 мин.

Година на издавање:
2015



Во што е убавината на Mad Max – Fury Road? Во способноста да биде прекрасен дури и со грдосијата која ја носи на себе. Во време кога не постојат градови, цивилизации, кога човештвото е пред изумирање и храната и водата се контролирани од тирани како Иморталниот Џо (одличниот Хју Кејс Брн), дури и „воинот на патот“ како Макс Рокатански (Том Харди) е приморан да се претвори во „преживувач“ во таков свет. Да се прилагоди за да преживее.

Макс на почетокот е само кеса со здрава универзална крв за Нукс (Николас Хоулт), еден од војниците во армијата на Џо. Фуриоза (Шарлиз Терон) исто така е дел од тимот на Џо. Таа треба да го однесе шлеперот до соседниот Gas Town за да донесе бензин, но има и друга агенда. Таа ги грабнала 5-те здрави „сопруги“ на Џо, наменети за репродукција и треба да ги однесе подалеку од него. Но, кога патиштата на Фуриоса и Макс ќе им се спојат, а Џо им е зад петиците, двајцата ќе треба да направат само едно. Да го преживеат „фуриозниот пат“ низ пустината.



Mad Max Fury Road е филм со малку дијалог. Тука акцијата зборува наместо зборовите, а богами тоа го прави одлично. Таа е константна. Не ве остава на мира и откако ќе ве зграби ве „вози“ заедно со Макс, Фуриоса и „армијата“ на Џо од почетокот до крајот. Милер заедно со остатокот од сценаристите успеале да ја раскажат приказната ефективно и без ексесивни дијалози, но тоа не е хендикеп. Макс и Фуриоса не верувам дека имаат повеќе од 20 страници текст во сценариото, а уште помалку е посветено на нарација од Макс и развој на ликовите, но вие ја дознавате нивната приказна. Сценаристите ни ја претставиле уште по ужасна верзија на иднината од која сега се плашиме, но искрено не е далеку од нас. Почва која е неплодна. Вода во ограничени количини, смален животен век, болести, смрт, истребување на човештвото, митолошка идеологија и глорифицирање на култ на личноста. Но, тие во исто време ни прикажале и филм во кој „Лудиот Макс“ не е главната ѕвезда на филмот. Fury Road е главната ѕвезда. Ова е филм кој постојано е во движење, а има се што може да си замислите и што не можете додека трае тоа движење. Хеј дури и луди гитарист качен на звучници со огромна гитара која исфрла оган. Апсолутно бизарен и брилијантен во исто време....



„Сопругите“ на Џо се прекрасни и се разбира дека се одбрани прекрасни жени во нив. Од Рајли Кио (внуката на Елвис Присли), Зои Кравиц (ќерката на Лени Кравиц) до манекенките Аби Ли Кершоу, Кортни Итон и Роузи Хантингтон Витли. Тие се јинг на јангот од опкружувањето, но и на ужасноста на Џо. „Толку сјајни, толку хромирани“ како што ги опиша Нукс, но пред се здрави за репродукција. Тие се потреба во Fory Road.



Но, сега ликовите не се само од коска и кожа... туку и метал. Автомобилите се еден вид продолжување на ликовите, бидејќи нив ги гледаме исто колку и актерите во нив. Во нив е повторно споено грдото, прекрасното но и практичното. Само погледнете како Фуриоза ќе успее да го изгасне оганот во шлеперот додека е нападнат. Искрено таа практичност ја гледаме и во самата Фуриоса. Косата и е пострижана кратко, на лицето има црна камуфлажа, а металната рака е се освен привлечна. Но, како и самиот лик така и нејзината рака е силна и способна за многу повеќе. И тука фасцинираат две нешта.

Прво благодарност до Џорџ и останатите сценаристи што не тргнале по очигледниот пат и не ни дале патетична љубовна приказна со Макс. Тој дури и го открива името на самиот крај од филмот, а до тогаш таа го нарекува „будала“. Сериозно. И второ благодарност што ликот на Фуриоза го ставиле  на исто рамниште со Макс. Спосбна е да се бори како него, а дури и да го надмудри во дел од сцените. Романсата на свој чуден начин е присутна кај Нукс (Николас Хоулт) и Кејпабел (Рајли Кио), двајца од споредните ликови. Кога сме кај перформансите, Харди е навистина одличен во минималниот перформанс на Макс. Тој е измачена душа, но речиси сите се такви. Тивок во најголемиот дел од дејствието, Харди глуми повеќе со своето присуство отколку со самиот перформанс, но е ефективен и со тоа што ни го прикажува. Терон од друга страна ја дава можеби најдобрата глума во изминатите неколку години. Секако помага што и е даден силен феминистички лик како Фуриоса, но тоа ниво на желба за одмазда, искупување и внатрешна битка со самата себе си, го немам видено од The Burning Plain, еден од најпотценетите перформанси во нејзината кариера.



Но, визуелниот приказ е тој што го сакаме. Тој кој ни треба. А, Џорџ Милер не не остава да трепнеме во 120-те минути. Да се обидам да направам поделба или градација на акционите сцени од Fury Road би било навреда за трудот и талентот на Милер. Но, тој сега ни прикажа дека е возможно да се вратиш на основите и да направиш акциони сцени без компјутерска обработка. Да, CGI е присутен, но само во сцената со песочната бура, во дел од пејсажот и во металната рака на Фусиоза. Сите луди егзибиции, акциони сцени и борби се реални и направени од луѓе, а не од компјутер.

На крајот, додадете ја одличната музика од Junkie XL, маестралната кинематографија од Џон Сил и го имате визуелниот спектакл на годината. Fury Road. Фановите можеби чекаа 30 години за него, но, дочекаа ремек дело. Речиси и да не беше истоштувачко чекањето нели?

С. Лазаревска

Mad Max- Fury Road може да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

 

четврток: 15:20, 17:00, 17:40, 19:15, 20:00, 21:40, 22:30

работни денови (освен четврток): 15:30, 17:00, 18:00, 19:40, 20:30, 22:00, 22:50

викенд: 13:00, 15:30, 17:00, 18:00, 19:40, 20:30, 22:00, 22:50

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...