ФХ3Х дел од проектот „Земја на иднината“

Македонската компанија ФХ3Х работеше на проектот Tomorrowland: A World Beyond како дел од екипата на најстарата, најголемата и најистакнатата компанија Industrial Light & Magic.

На проектот работеа 70 артисти и според зборовите на Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х, ова е најобемен проект досега во целокупното нивно работење.



- Работењето на Tomorrowland за нас претставуваше посебно задоволство, бидејќи работевме како дел од тимот на Industrial Light & Magic и во нашата долгогодишна соработка, ова беше најобемниот проект. Вкупно 70 наши артисти работеа во текот на девет месеци. Се работи за еден особено интересен, ретро футуристички филм, со исклучителна динамика, кој ќе успее да ви го задржи вниманието во текот на двата часа прикажување, изјави Даниловски.

Режисерот ветеран на студиото Pixar, Бред Брд (Brad Bird) заедно со сценаристот и продуцент Дејмон Линделоф (Damon Lindelof) ја создадоа оваа оригинална авантура „Земја на иднината„ (Tomorrowland: A World Beyond), проект, кој енергијата за својата динамика ја црпи од фантазијата.

Џорџ Клуни (George Clooney) ја игра улогата на Френк Вокер, измачен од славата која ја имал како дете гениј, кој не одолева на шармот на умната, научно свесна и љубопитна тинејџерка Кејси Њутон (Britt Roberston, да се вратат во мистериозниот свет наречен 'Tomorrowland' – Земја на иднината.



Според критиката, следејќи ја максимата дека „Фантазијата е поважна од знаењето“, овој футуристички метрополис лоциран некаде во просторот и времето е земја за развој на оптимизмот, лишен од политички дистракции и физички ограничувања. Првично замислен да биде утописко засолниште за планетата Земја, на Tomorrowland му се менува намената во рацете на тивката закана во ликот на Никс (Hugh Laurie), што ги предизвикува Френк и Кејси да започнат опасна мисија за промена на светот.

Клуни и Робертсон се покажуваат во одлично светло како протагонисти, иако малку засенети од актерката Рафеј Касиди која се појавува како лик од минатото на Френк.

Токму фокусот на топлата човечка интеракција во филмот, се наведува, го прави да се издвои од мноштвото, филм кој ја пренесува пораката, но кој со својата динамика доминира на филмскиот екран. Целосен во својата природа и неограничен во прогресивното размислување и дизајнот, филмот е нималку нежно будење и соочување со фактот дека светот, и покрај тоа што е мал, е далеку од работ на истребување.



Пораката на филмот е за почит. Живееме во време доминирано од страв – политиката не ни нуди надеж, тие предупредуваат на претерани закани и несреќи.Tomorrowland ја проповеда моќта на надежта, на соништата, тоа е оној тип филмови каде кај секој актер се пали некоја искра во очите. Тие си оптимисти, сонувачи, и ни го пренесуваат тоа на нас, нивната публика.

Филмот ќе почне да се прикажува од вечер во киното Синеплекс, во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...