КИМ КАРДАШИЈАН СТАНУВА ПРВА ДАМА НА САД!?

Голотија, гламур и контроверзии: Триумф на Тејлор Свифт на VMA

Тејлор Свифт освои четири VMA награди на синоќешното доделување на музичките награди кои секоја година ги доделува музичкиот канал MTV.



Пејачката триумфираше во 4 од 10-те номинации, вклучувајќи ја победата и во главната категорија, за најдобро музичко видео.

Тејлор победи во категоријата најдобро музичко видео за песната Bad Blood на која соработуваше со раперот Кендрик Ламар, а исто така ја подигна и статуетката за најдобро музичко видео од пејачка за песната Blank Space.



Во категоријата најдобро музичко видео од машки артист триумфираше Бруно Марс (во соработка со Марк Ронсон) за песната Uptown Funk, додека пак Fetty Wap ја освои наградата „уметник на кој треба да се внимава“.

Ники Минаж ја освои наградата за најдобро хип хоп видео за песната Anaconda.

Сепак вниманието го привлече префлувањето на неколку зборови помеѓу ние и водителката Мајли Сајрус, што јасно става до знаење дека тие две не се поднесуваат.



Режисерите Колин Тили и Литл Хомис ја освоија наградата за најдобра режија во музичко видео за песната Alright на Кендрик Ламар, а најдобра летна песна според MTV е She's Kinda Hot од групата 5 Seconds of Summer.

Секако кога имаме ваков голем селебрити настан тука беше и кланот Кардашијан. Трудната Ким овојпат латекс фустаните ги замени со тесен маслинест фустан кој добро ја покажа нејзината бременост и облините кои се заштитен знак на оваа ријалити ѕвезда.

Нејзиниот маж, Канје Вест пак кога ја примаше наградата Video Vanguard Award на сцената рече дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2020-та, но и откри дека испушил џоинт неколку минути претходно.



Водителка на церемонијата во Microsoft театарот во Лос Анџелес, беше пејачката Мајли Сајрус која привлече внимание и по провокативните костими кои ги носеше на сцената. Таа дури и запали марихуана зад сцената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби