Прославуваме заедно во светот на еден Телеком

Телеком музички спектакл со Каролина, Северина и Дејвид Моралес

Голем Телеком музички спектакл на 19 септември, во Скопје пред „Порта Македонија“

Со најголемата македонска ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северинa и култниот продуцент и диџеј Дејвид Моралес



Воведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, после згаснувањето на брендовите Т-Home и T-Mobile, освен што ќе донесе нова вредност за корисниците, несомнено ќе понуди и поинаква содржина, нови искуства и доживувања.

На 19 септември во Скопје пред „Порта Македонија“ со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи незаборавен Телеком музички спектакл на кој се поканети сите граѓани, заедно да прославиме во светот на еден Телеком.

На големиот настан ќе настапат нашата најголема ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северина како и култиот ди-џеј Дејвид Моралес. Каролина ќе се претстави со добро познатиот проект „Македонско девојче“, а Северина ќе ја оправда верноста на македонската публика со своите бројни стари и нови хитови.

Атмосферата дополнителнително ќе се загрее со добитникот на Греми награда, култниот продуцент и ди-џеј, Дејвид Моралес чиј настап секако не смее да се пропушти.

Водител на настанот е урнебесниот Сашко Коцев.

Забава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.

Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија. Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком.

Наскоро на македонскиот пазар ќе бидат промовирани нови пакети на услуги и интегрирано продуктно портфолио за приватните и бизнис корисниците, направени според начинот на живеењето и потребите на модерните корисници.
Компанијата, која е технолошки лидер во регионот ќе се фокусира на ваков тип на интегрирани понуди и во иднина, што се очекува да доведе до уште подобро позиционирање на пазарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби