Летната сцена „Славиша Кајевски“ со хуманитарен карактер

Македонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025, со поддршка од Македонски Телеком.

Оваа година, под слоганот „Млади за млади“, фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер.

На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd, ќе се отвори второто издание на летната сцена и ќе трае до 21 јуни. Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста: сите средства од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, односно за понатамошното лекување и рехабилитација на повредените во трагедијата во Кочани.



„Оваа година доаѓаме со нова енергија и свеж концепт, во соработка со „Стереолаб“, а со поддршката од Телеком го прошируваме опфатот и значењето на настанот. Средствата собрани преку програмата ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Кочани – уште еден доказ дека културата може да биде двигател на солидарноста. Изразуваме голема благодарност до Support Кочани, како и до Филип Цветков, којшто го изработи дизајнот за хуманитарната иницијатива. Билетите ќе бидат по симболична цена од 300 денари, што ќе овозможи настанот да биде достапен за што поголем број граѓани“- истакна Никола Кимовски, Директор на МНТ.

„Како бренд веруваме дека вистинската поврзаност значи и грижа еден за друг. Со поддршката на летната сцена не само што вложуваме во културата и креираме искуства за младите, туку им даваме и можност непосредно да им помогнат на своите врсници од Кочани. Со гордост сме спонзори на овие настани од хуманитарен карактер, каде младите не само што ја слават креативноста, туку придонесуваат и за доброто на заедницата“ – истакна Елена Белевска, Лидер на корпоративни комуникации во Македонски Телеком.



„Летната сцена оваа година претставува одлична можност да им се даде шанса на млади музичари да се претстават пред јавноста и да го добијат вниманието кое го заслужуваат. Симболичната цена за слушање на два бенда во истата вечер сметаме дека е прифатлива за секого и дека ќе ги охрабри луѓето да дојдат и да го поддржат звукот на новата генерација“, изјави Дарко Јорданов, уредник на Стереолаб.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ премиерно беше отворена минатата година, како посвета на прерано починатиот актер којшто остави длабока трага во македонската култура. Таа ги обединува музичарите и сите други уметници со публиката на летната тераса покрај Вардар. Оваа година, шестдневната програма на летната сцена е во рамките на одбележувањето „80 години Македонски народен театар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли зошто статуата на слободата во Њујорк е жена?
-Им требало празна глава за да направат ресторант!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби