По повод 5-години на YouTube каналот, Лазаров подарува стан во Скопје и нов автомобил!

Еден од најпопуларните македонски YouTube креатори Стефан Лазаров, оваа година одбележува значаен јубилеј – 5 години постоење на својот канал, кој прерасна во еден од највлијателните дигитални медиуми во земјава. Преку своите подкасти, Лазаров успеа да го привлече вниманието на широката јавност и да создаде простор, каде што во изминатите пет години гостуваа некои од најголемите имиња на македонската естрада, медиумите и јавниот живот, претворајќи го каналот во медиумска платформа која ги надминува границите на класичната забава.



По повод одбележувањето на јубилејот, Лазаров на 18 јуни ќе приреди гала вечер насловена „Lazarov Awards“, во рамките на која ќе биде одржан најголемиот giveaway во регионот, со највредниот подарок досега - стан од 36 метри квадратни во населбата Ченто во Скопје. Покрај ова, ќе следуваат и други подароци, како симбол на благодарност кон заедницата која со години го следи и поддржува Лазаров.

На гала вечерта, која ќе биде пренесувана во живо на YouTube каналот на Лазаров, ќе присуствуваат бројни познати личности од естрадата и јавниот живот во Македонија, кои со свои гостувања во изминатите години кај Лазаров, придонесоа каналот да стане мега популарен на YouTube платформата.

Покрај доделувањето на главните подароци, ќе бидат доделени и специјални признанија за личности, проекти и заедници кои оставиле значаен белег во медиумскиот простор и јавниот живот, како и ексклузивни изненадувања специјално подготвени за оваа вечер. Целата програма е осмислена како совршен спој на забава, емоција и автентична благодарност кон публиката, која е сржта на петгодишното YouTube патешествие на Лазаров. Настанот ќе понуди незаборавна атмосфера, со моменти што инспирираат, мотивираат и ја слават моќта на заедницата што се гради преку екранот - но се чувствува во живо.



Особено значаен момент од вечерта ќе биде и прикажувањето на видео тизер за документарниот филм посветен на Зоран Василевски – Фаци, прерано починатиот новинар и пријател на Лазаров, кој остави неизбришлива трага во медиумскиот простор. Овој момент ќе додаде емотивна димензија на целата програма и ќе потсети на значењето на автентичноста, хуманоста и пријателството во јавниот живот.

Како загревање за гала вечерта, на 21 мај во Ragusa 919 ќе се одржи настан, на кој ќе биде доделен уште вреден подарок – автомобил Peugeot 3008 (2020 година). Настанот ќе биде збогатен со настапите на Мики Секуловски и Хепи Енд Бенд, а исто така е биде пренесуван во живо, на YouTube каналот на Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби