Првиот божиќен сингл веќе пристигна, а се работи за песна на Кети Пери.
Имено таа потпиша договор со H&M, па за нивната кампања ја испеа „Every Day Is a Holiday“. Во видео спотот Кети е облечена во светкав фустан со крила исто како самовила од бајка.
Кети моментално е на светска турнеја за албумот од 2013 година, но откри дека планира да се одмори пред да почне да работи на нов албум.