ЛАТИНО ЅВЕЗДАТА ПРИРЕДИ СПЕКТАКЛ НА ГОДИНАТА

Енрике сакаме уште!!!

Дами и господа, кога Енрике Иглесијас е во вашиот град, треба да знаете неколку нешта. Прво дека можеби сте платиле карта за седење, но тешко дека тоа ќе ве задржи на своето место. Второ, дека и да не знаете да пеете, ќе пропеете и трето, кога концертот ќе заврши ќе сакате УШТЕ!

Светски познатиот музичар се потруди неговиот прв концерт во Македонија, што вчера  вечер се одржа во арената „Борис Трајковски“ да остане запаметен.

Вродената латино харизма на пејачот се покажа на дело, па арената уште од самиот почеток се претвори во еден голем ноќен клуб со импресивни светлосни ефекти.

Фактот што концертот започна малку подоцна од предвиденото не и попречи на забавата што допрва следеше. Енрике ја отвори вечерта со „I’m a Freak“, сосема доволна провокација за публиката да влезе во денс расположение и тотално да откачи со него. По ова ред се редеа „I Like How It Feels“, „Heartbeat“,„Ring My Bells“...Меѓу песните кои Иглесијас ги изведе пред присутните се најде и безвременската „Knockin’ On Heaven’s Door“.

Првата кулминација се случи кога пејачот реши малку подобро да се запознае со својата публика. Музичките ѕвезди од светски ранг се опколени со куп телохранители кога се симнуваат од сцената, но тоа не е случајот и со оваа латино ѕвезда.

Енрике направи сè за да се почувствува како дома, дури и кога тоа значеше да се искачува по столчињата во салата за да би можел да ги прегне обожавателите и да се фотографира со нив.

Не му пречеше што сите посакуваа да го допрат, ниту пак што врескаа на сиот глас понесени од еуфоријата. На дел од нив им дозволи и да пеат наместо него. Постојано трчаше од еден на друг крај од сцената и воодушевен од фактот што публиката добро го знае секој стих од неговите хитови, рече дека ќе се пресели во Скопје.

Шоуто траеше само час и половина. За светот сосема пристојно, но за нас, кои сме навикнати на целовечерни спектакли изгледаше прекратко.

Ах, Енрике....Сакаме уште!!!!

Н. Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби