Џастин Тимберлејк ја отвори синоќешната церемонија и иако не беше „
спектакуларно и изненадувачки“ како што беше самиот крај, тој успеа сите да ги крене на нозе. Песната „Can’t Stop The Music“, дел од филмот „Trolls“ ја започна меѓу публиката, за потоа да ја продолжи на сцена. Целата публика беше станата, која со задоволство играше и пееше со Тимберлејк.
За разлика од него, Џон Леџенд изведе балада, односно песната „City of Stars“ од филмот „La La Land“. Освен што пееше, тој свиреше на пијано, при што на Црвениот тепих призна дека навистина долго време вежбал да ја свири оваа песна. Тој беше придружуван од танчери, кои не воведоа во филмот, кој по грешка доби Оскар.
Лин-Мануел Миранда ја исполни песната „How Far I’ll Go“ од анимираниот филм „Moana“, додека пак легендарниот Стинг ја испеа песната „The Empty Chair“ од филмот „Jim: The James Foley Story“.
Сите овие пејачи беа номинирани за Најдобар саундрак, а наградата припадна на „City of Stars - „La La Land“. Композиторите Џастин Хурвиц, Џастин Пол и Бенч Пасек беа видно возбудени за оваа награда.